„Brave New World“ е нова серија што овие денови не можеме да престанеме да ја гледаме

„Brave New World“ е нова серија што овие денови не можеме да престанеме да ја гледаме

Замислете си за момент свет во кој нема проблеми и каде сите околу вас се задоволни од своите животи… Општо, животот како таков, полн со подеми и падови, е непознат на овој свет, но оваа серија што не можеме да престанеме да ја гледаме деновиве ќе ве убеди дека навистина не би сакале да живеете во вакво општество!

Еден од најпопуларните дистописки романи на сите времиња „Brave New World“, доби своја ТВ-адаптација. Истоимената серија веќе го погоди трендот на најгледаните наслови, и како не, кога нејзината приказна се разликува од сè што досега сме имале можност да гледаме. Во далечна иднина е создадено тоталитарно општество во кое сè е идеално, барем на прв поглед. Благодарение на паметната примена на генетски инженеринг, иновативни лекови и перење мозок, светските супервизори создадоа општество на среќни потрошувачи или општество на благосостојба. Исто така, тој е поделен на пет касти (алфа, бета, гама, делта и епсилон) и индивидуата не му припаѓа на неговото семејство, туку на општеството, со што живее во големи владини згради каде заедништвото и стабилноста на општеството се императив.

Прочитајте и за оваа нова дистописка серија во која човечките вредности не постојат


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар