Анимираниот филм „Напред“ („Onward“): Емотивен и убав, но без очекуваната магија од „Pixar“

Анимираниот филм „Напред“ („Onward“): Емотивен и убав, но без очекуваната магија од „Pixar“

Првите реакции за анимираниот филм „Напред“ е додека станува збор за интересна приказна која за жал, нема да ги маѓепса сите.

Сместена во еден магичен свет населен со фантастични суштества, приказната следи двајца браќа џуџиња („елфови“) кои на платното со своите гласови ги „оживуваат“ актерите Том Холанд и Крис Прат.

Анимираниот филм „Напред“ („Onward“): Емотивен и убав, но без очекуваната магија од „Pixar“

По обидот да го воскреснат нивниот мртов татко од кој останала само долната половина од телото, парот оди во потрага со цел да ја врати и горната половина од телото на нивниот татко. За оваа мисија тие имаат на располагање само 24 часа.

Приказната ги има сите финеси од типот: трогателна подлошка која го „разгорува“ жарчето во нас, а по која „Pixar“ стана препознатлив, а има и некои незгодни, магични „решенија“.

Многумина кои присуствувале на претпремиерата, сметаат дека сторијата е слатка и забавна и со многу емотивни моменти кои особено ги погодуваат луѓето што имаат загубено родител.

Сепак, некои сметаат дека заплетот е прилично „тенок“, особено во споредба со астрономски високите стандарди што публиката ги очекува од филмовите на „Pixar“.

Се работи за добар, пријатен филм, но веројатно не и за ремек-дело.

Во продолжение погледнете ја најавата за филмот и некои од коментарите на гледачите кои имале можност да го погледнат филмот пред официјалната премиера на 5-ти март 2020 година.

Можеби сакате да прочитате и за најочекуваните филмови со суперхерои за 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар