9 добри филмови за долгиот викенд
7. Теоријата на сè (The Theory of Everything)
Овој филм ја раскажува животната приказна на големиот физичар Стивен Хокинг. Еди Редмејн одлично го портретира големиот научник, за што доби и Оскар. Филмот прикажува делови од неговиот живот како студент на Кембриџ, борбата со болеста, а најмногу внимание посветува на врската со сопругата Џејн и нејзиното значење во неговиот живот.
8. Големиот херој 6 (Big Hero 6)
Оваа анимирана авантура исполнета со акција и хумор го следи Бајмакс, полничок робот којшто е многу близок со Хиро, мало момче кое кога ќе западне во неволја се обраќа кај неговиот пријател и уште неколкумина пријатели на помош. Хиро нив ќе ги претвори во група херои кои ќе ги нарече „Голем херој 6“.
9. Фокскечер (Foxcatcher)
Марк Шулц е американски борач кој веќе има златен олимписки медал зад себе, но не добива голема слава во својата земја и затоа ќе ја прифати поканата на ексцентричниот Џон ду Понт, богаташ кој сака да му помогне со тренинзите за следната олимпијада. Сепак, намерите на ду Понт не се толку чесни и работите наскоро ќе почнат да стануваат полоши за младиот полетен борач.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.