9 добри филмови за долгиот викенд
4. Дивина (Wild)
Шерил е 26-годишна девојка која почнува да си го уништува убавиот живот откако силно ќе ја погоди смртта на нејзината мајка. За да се врати на правиот пат таа пешки ќе тргне по Пацифичкиот срт. Целта ѝ е на тој пат повторно да се пронајде себеси и својот мир. Филмот е сниман според мемоарите на Шерил Стрејд и настаните кои нејзе навистина ѝ се случиле во животот. Спаѓа во жанрот авантура и е исполнет со емоции, а Рис Витерспун брилира во главната улога.
5. Ноќни хроники (Nightcrawler)
Лу Блум е сиромашен човек кој очајно бара работа. Една ноќ ќе сфати колку може да биде профитабилен бизнисот со ексклузивни новинарски стории. Затоа тој ќе се обиде секогаш да биде прв на лице место кога ќе се случи нешто сензационално како грабеж, тешка сообраќајка, убиство или голем пожар, за да може потоа таа приказна да ја продаде скапо и од тоа да заработи. Филмот покажува до каде се спремни да одат телевизиите со објавување на сензационалистички материјали и до каде е спремен да оди овој човек во потрага по пари. Главниот лик е фантастично одигран од Џејк Гиленхал.
6. Ритам на лудилото (Whiplash)
Музичка драма која се врти помеѓу млад перспективен тапанар од елитно музичко училиште и неговиот професор кој е опседнат со тоа да го најде следниот голем џез талент. Филмот го поставува прашањето дали има недозволени методи на воспитување и образување кога треба да се поттикне некој голем талент и до каде може да оди еден професор со нив.