8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставуваме - Part 2

8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставуваме

6. Олаф не е само глупав снешко

8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставуваме

Ана и Елса го создадоа Олаф заедно кога беа деца и тој ја симболизира нивната љубов една кон друга и нивната невиност. Затоа тој е толку детски и смешен! Тој се распаѓа кога Елса случајно ја погодува Ана со нејзините моќи и на тој начин тие го завршуваат времето поминато заедно.

Целата песна „Do You Want to Build a Snowman?”(„Дали сакаш да направиме снешко?“) е за обидите на Ана да ја врати нивната блискост, но зачудувачки, Елса никогаш не оди да направи снешко повторно – тоа е всушност првото нешто таа го прави кога побегнува, конечно ослободувајќи се.

8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставуваме

Има и друг многу важен момент во филмот кога Елса го здогледува Олаф во нејзиниот замок бидејќи сфаќа дека може да создаде нешто многу добро, смешно и живо.

7. Дури и боите се важни и раскажуваат приказна

Боите ја отсликуваат ситуацијата и личните чувствата на ликовите. На пример, Ана има црвена коса и обично носи зелена или топла боја, а косата на Елса е бела и таа секогаш облечена во нијансите на ледено сината боја. Облеките при крунисувањето на сестрите се всушност националните бои на Арендел: виолетова и зелена.

Она што е уште поинтересно е дека ледениот замок на Елса ги менува боите според нејзиното расположение. Син е кога е мирна и среќна, црвен е кога е исплашена, и жолт кога е лута.

8. Постојат подлабоки нешта зад сестрите-принцези што пеат

8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставуваме

Да, филмот е за љубовта помеѓу две сестри, но има уште многу работи на кои „Frozen“ нè учи во меѓувреме.

  • Кристоф и Ана ни покажуваат дека за наоѓање на љубов е потребно време и напор, а таа значи заедничко надминување на тешкотиите и меѓусебна поддршка за време на тешките периоди.
  • Преку Елса, се прикажани проблемите со менталното здравје. За време на крунисувањето, рацете на Елса се тресат и тоа покажува дека таа веројатно страда од анксиозност и панични напади. Со позитивниот пример на Елса која дава сè од себе, филмот ни покажува дека луѓето со ментални нарушувања всушност не се „луди“.
  • Филмот е, исто така, за самоприфаќањето и колку е важно да бидеш тоа што си.

Новите бранови на возбуда се неизбежни, но отсега, ќе ги гледаме од друга перспектива. „Frozen II“ ги погоди срцата на гледачите за само неколку дена. Со нетрпение го очекуваме!

Можеби сакате да дознаете и кои се најочекуваните филмови со суперхерои за 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар