8 нешта кои не ги забележавме во „Frozen“, а кои покажуваат дека приказната е подлабока отколку што претпоставуваме
Во 2013 година, „Frozen“ ги освои срцата на многумина и доби најголема заработка во кино-благајните во споредба со сите други анимирани филмови. Секое мало девојче оттогаш пее „Let it go“, а возбудата по „Frozen“, веројатно ги премина сите граници. На прв поглед изгледа дека станува збор за уште еден филм со пеење и принцези, но ако погледнеме подлабоко и размислиме, тоа е внимателно и реалистички разработена приказна, а токму тоа е она што го прави филмот вистинско ремек-дело.
А, еве што го прави филмот толку добар.
1. Совршено-несовршени: Ликови кои се вселуваат директно во нашите срца
„Тешко е да се негира дека ликовите во „Frozen“имаат извонредни особини“. Никој од нив не е перфектно совршен, секој од нив се бори со своите „демони“, сите имаат амбиции и стравови и не може, а да не сочувствуваме со нив.
Ана има страст кон слатки и храна и е толку смешна и несмасна што е невозможно да не ја обожавате. Таа е толку многу наликува на вистинските девојки што секоја веројатно може да се однесува како неа. Отворена и грижлива, таа ја одржува врската со својата сестра и верува во неа повеќе од кој било друг.
Елса е многу комплициран лик и има преживеано многу, обидувајќи се да живее според правилата во кои никогаш не може да се вклопи. Одгледана е со ставот дека на своите маани и предности, како и на нејзината посебност треба да гледа како на нешто што треба да го крие и од што треба да се срами, како и многу луѓе во денешно време.
Таа е драматичен лик кој на рамената има поголем товар отколку што може да носи една девојка. Нејзината борба со себе и со другите е нејзин начин да сфатиме дека не е сама и дека се вклопува, што е навистина срцепарателно.
2. Еден манипулатор нè измами, а ние дури и не забележавме
Ханс е типичен манипулатор кој го рефлектира секој со кого разговара, различно се однесува со различни луѓе. Со Ана, тој е смешен и глупав и ѝ ги кажува зборовите што таа сака да ги слушне, храбар е со војниците, љубезен со граѓаните и злонамерен со војводата од Виселтаун.
Затоа не нè зачуди пресвртот во приказната кога се откри дека Ханс е злобен. Тој е злобен од самиот почеток и нè измами сите нас како што ја измами и Ана.
Постојат многу поединости кои ја разоткриваат неговата вистинска природа. Додека пее „I found my place“ („Го најдов моето место“) тој покажува на Арандел, а не на Ана. Се сеќавате ли на моментот кога Ханс ја „спаси“ Елса во нејзиниот замок? Тој сакаше да изгледа како да ја спасил, но пред да го смени правецот на самострелот, го забележува лустерот и знае каде да го насочи, за да изгледа како херој, но сепак ја уби.
3. Заразниот стих „Let it Go“ („Пушти го“) е драстично судбоносен
На почетокот се планирало Елса да биде лоша, но режисерите целосно го смениле нејзиниот карактер кога ја слушнале песната „Let It Go“. Тие ја согледале другата страна од ликот и толку многу ја засакале песната, па не сакале да ја променат. Наместо тоа, тие го промениле ликот и така ја добивме нашата Елса.
Но, песната не е клучна за Елса само поради тоа, таа е моментот кога таа станува она што вистински е. Пред тоа, таа постојано се обидува да биде девојка каква што сакаа да видат нејзините родители, дури и се облекува и ја стилизира својата коса точно како што прави нејзината мајка. Но, кога побегна, таа конечно стана она што вистински е.
Таа се ослободи од ракавиците и нејзината тешка наметка што го симболизира нејзиното минато и очекувањата што таа се обидуваше да ги исполни, а кои ја влечеа надолу, додека таа полека се искачуваше по планината. Откако ќе ги остави, таа започнува да трча кон своето идно јас, менувајќи го фустанот и правејќи своја фризура, а потоа буквално започнува новиот ден.
Моќите на Елса, исто така, ги рефлектираат нејзините чувства. Кога е самоуверена, се чувствува убаво и е способна да создаде неверојатни работи (вклучувајќи жив снешко, замоци и фустани). Кога се плаши, таа е незгодна. Кога е изгубена и во очај, таа е снежна бура. На крајот на филмот, кога Ханс и кажува на Елса дека Ана починала, снежното невреме одеднаш престанува затоа што Елса не чувствува ништо во тој момент.
4. „Frozen“ ги крши правилата на класичните бајки
„Frozen“ дефинитивно ги предизвикува стандардите, вклучително и оние што Дизни постојано ги следи. Иако има некои клишеа на Дизни во филмот, многу од нив подоцна се предизвикани и доведени под прашалник.
- „Совршениот принц“ (Ханс) всушност е злобен, па оваа позиција му припаѓа на Кристоф, кој е далеку од совршен.
- Најсилните ликови се женските и покажуваат дека можат и сами да се застапуваат себеси.
- На Ана дефинитивно и недостасува кралско совршенство и се однесува повеќе како обична девојка, а Елса буквално го превртува концептот за „совршена принцеза“, одлучувајќи да биде тоа што е и да не им се потчини на стандардите.
5. Приказна за вратите и ракавиците
Филмот е исполнет со врати, кои се бариери што ја претставуваат изолацијата, затворањето и недостигот на можности. Вратите се појавуваат и се споменуваат многу често во филмот, а ќе ги спомнеме само најважните.
Прво, вратата во собата на Елса ги разделува девојчињата со години и стави крај на блискоста меѓу сестрите. Исто така, има и порти на замокот што ја заклучија Ана внатре. Елса ја затвора вратата на крајот од „Let It Go“, а вратите од замокот се затвораат и пред Кристоф кога тој ќе ја донесе Ана назад, мислејќи дека ја остава засекогаш. Ханс, исто така, ја затвора вратата кога ја остава Ана да умре.
Не е ни чудо што Ана е подготвена да ги отвори сите врати! Ханс и неговата љубов беа првата „отворена врата“ што таа ја доби, што објаснува зошто Ана толку брзо се вљуби. И да, точно така се вика и нивната песна – „Love Is an Open Door“ („Љубовта е отворена врата“).
Другиот симбол се ракавиците. Тие се појавуваат кога таткото на Елса ѝ дава пар со зборовите: „Прикриј го, не чувствувај го, не дозволувај да се покаже“ и тоа во основа е она што значат ракавиците. Тие илустрираат дека некој често крие нешто. За Елса, тоа се нејзините сили и нејзината вистинска природа. Таа постојано ги носи, обидувајќи се да се вклопи и да биде добра девојка сè додека не побегнува. Таа одлучи да не се крие повеќе и ги исфрли ракавиците.
Изненадувачки, Елса не е единствена во филмот која носи ракавици. Другиот е … Ханс!
Ги носеше во текот на целиот филм, илустрирајќи дека цело време ја крие својата вистинска личност и намерите. Единствениот момент кога ги соблекува и го покажува своето вистинско лице е кога ѝ ги открива своите вистински намери на Ана. Пред да излезе од собата каде ја остави Ана да умре, повторно ги носи ракавиците.
Продолжете да читате на следната страница…