7 тинејџерски филмови кои секоја девојка треба да ги погледне
Автор: Ана Петровиќ
Без разлика на вашата возраст, постојат тинејџерски филмови кои секоја девојка треба да ги погледне. Тие се забавни, понекогаш и поучни и скоро сите ќе изнудат насмевка на вашето лице. Ако не сте гледале некој од овие филмови, викнете ги вашите пријателки, направете пуканки и уживајте во забавата.
1. Злобни девојки (Mean Girls)
Линдзи Лохан ја гледаме во улога на девојка која е образована дома до своите 16 години, и која влегува во средношколските води, несвесна за општествената хиерархија. Од повлечена девојка, таа преминува во дел од групата „Пластични“, заради популарност во училиштето.
Ова е еден од тинејџерските филмови кој ја прикажува опасноста од обидот за вклопување во друштвото. Базирана на научно-стручната книга „Пчелите-матици и имитаторите“, овој филм пробува да ги подучи девојките да се прифатат себеси и да не се обидуваат да ги импресионираат момците со нивниот стремеж за слава и популарност.