7 романтични филмови кои мора да ги гледате за време на празниците

7 романтични филмови кои мора да ги гледате за време на празниците

Без разлика дали сте ги гледале овие филмови или не, оваа зима дефинитивно треба да се најдат на вашиот празничен филмски репертоар. Има големи шанси некои од нив (или сите) да ги знаете напамет, но станува збор за приказни кои едноставно никогаш нема да можат да ви здодеат бидејќи се неверојатни.

1. Всушност љубов (Love Actually)

(1) 7 романтични филмови кои мора да ги гледате за време на празниците

Овој филм е апсолутна класика која истовремено нè смее, но и растажува додека ни раскажува 10 љубовни приказни за романтичната љубов, љубовта кон пријателите, љубовта кон семејството…

2. Празникот (The Holiday)

(2) 7 романтични филмови кои мора да ги гледате за време на празниците

Откако и двајцата ќе бидат разочарани од љубовта, Аманда и Ирис одлучиле да ги заменат своите домови во Америка и Велика Британија за време на празниците. Токму тоа им отвора врата за сосема нов вид љубовни авантури.

3. Дневникот на Бриџит Џоунс (Bridget Jones’s Diary)

(3) 7 романтични филмови кои мора да ги гледате за време на празниците

32-годишната Бриџит носи големи новогодишни одлуки. Таа планира да ја намали својата тежина, да најде соодветен партнер и целосно да го среди нејзиниот живот…

4. Несоница во Сиетл (Sleepless in Seattle)

(4) 7 романтични филмови кои мора да ги гледате за време на празниците

Осамениот вдовец Сем решава да ја раскаже приказната за својата жена на радио, со што ќе привлече огромен број жени ширум светот, вклучувајќи ја и Ени од Балтимор која е во потрага по магична љубов.

5. Додека спиеше (While You Were Sleeping)

(5) 7 романтични филмови кои мора да ги гледате за време на празниците

На денот на Божиќ, Луси, која продава карти на железничка станица, го спасува својот колега Питер од паѓање под воз. Додека тој лежи во болница во кома, таа по сплет на околности станува негова свршеница и го воодушевува неговото семејство.

6. Семеен човек (Family Man)

(6) 7 романтични филмови кои мора да ги гледате за време на празниците

Џек е успешен неоженет маж кој живее во Њујорк. По необична средба на божиќната вечер, тој се буди во предградие, оженет и татко на две деца. Неговата сопруга, Кејт, е девојката во која тој порано бил заљубен, но ја немал видено откако ја оставил на аеродром, пред 13 години.

7. Случајни среќни околности (Serendipity)

(7) 7 романтични филмови кои мора да ги гледате за време на празниците

Џонатан и Сара прв пат ќе се сретнат за време на божиќен шопинг кога и двајцата случајно ќе се допрат во обид да ги земат истите ракавици. Нивната иднина од тогаш е препуштена на судбината…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар