7 од најдобрите хорор филмови на сите времиња што ќе ви го покачат адреналинот
Ништо не може да ви го покачи адреналинот како добар хорор филм. Но можеби не ги сакате хорор филмовите само поради хоророт. Можеби сакате филм со добра приказна што ќе ве натера да размислувате. Па ако сакате да се прошетате до најмрачните места на човечкиот ум, или само сакате доза адреналин, дајте им шанса на овие безвременски хорор филмови.
1. „Сјаење“ (The Shining)
Оваа адаптација на истоименото дело на Стивен Кинг е можеби еден од најстрашните филмови на сите времиња. Ќе се соживеете со изолацијата на ликовите, а од тоа ќе ве полазат морници. Но тоа е само почетокот. Важно е да знаете дека ова е една од најдобрите улоги на Џек Николсон. Па ако сакате малку адреналин, ова е филмот за вас.
2. „Константин“ (Constantine)
„Константин“ не е класичен хорор филм, но ќе ве исплаши на негов начин. Филмот е направен според стрипот од DC „Хелблејзер“ (Hellblazer). Во главна улога ќе го видите Киану Ривс кој глуми егзорцист/детектив по име Константин. Тој открива мрачен заговор во кој се вклучени сите – од ангелите до самиот ѓавол.
3. „Интервју со вампирот“ (Interview with the Vampire)
Ова можеби не е најстрашниот филм на листата, но приказната е доволно интересна за да ве заинтересира. Филмот е направен според истоимената книга на Ан Рис и е дел од колекцијата новели „Вампирски хроники“ (Vampire Chronicles). За само две книги од серијалот се направени филмови. Во филмот е раскажана приказната на вампирот Лестат (Том Круз) и е претставена на навистина мрачен начин.
4. „Гласовите“ (The Voices)
Ова е можеби најчудниот филм на листата и раскажува за момче чии мачка и куче го тераат да прави ужасни работи. За разлика од повеќето хорор филмови кои го покажуваат ужасот од тоа да ве брка некој убиец, во овој филм ја гледаме перспективата на убиецот. Ова е морничав, но и интересен филм кој ни покажува како можеби изгледа умот на еден сериски убиец.
5. „Шесто сетило“ (The Sixth Sense)
Класиката за момчето што може да зборува со мртви и неговиот психолог не само што е морничава, туку го има и еден од најголемите пресврти во историјата на кинематографијата. Доколку на некој начин сè уште не го знаете крајот, изгледајте го филмот уште веднаш.
6. „Седум“ (Se7en)
Ремек-делото на режисерот Дејвид Финчер раскажува за двајца детективи играни од Бред Пит и Морган Фриман. Тие се обидуваат да фатат сериски убиец чии убиства претставуваат по еден од 7-те смртни гревови. И овој филм има неверојатен пресврт пред самиот крај. Исто така подгответе се и за неколку одвратни сцени.
7. „Покана“ (The Invitation)
Ова е можеби најмалку познатиот филм на листава. Во филмот се раскажува за еден маж по име Логан кој е поканет на забава кај неговата бивша сопруга. Напнатоста се зголемува кога тој почнува да забележува дека се случуваат некои чудни нешта. Истовремено ќе се обидувате самите да ја сложите сложувалката и да сфатите што навистина се случува.
Дали знаете што ги инспирирало најпознатите хорор филмови?