7 инспиративни филмови кои се базирани на големи историски настани
Филмовите што се базираат на историски настани не се секогаш во целост историски точни. Меѓутоа, тоа не значи дека не се вредни за гледање. Баш напротив, треба да се погледнат затоа што тие ќе ви пружат информации коишто можеби не сте ги знаеле, па ќе ве поттикнат да истражувате и да дознаете повеќе во врска со настаните кои се споменати во нив. Погледнете кои се најдобрите од нив.
1. Форест Гамп (Forrest Gump)
Ова е легендарен филм, снимен во 1994 година, со сјајниот Том Хенкс во главната улога. Се работи за човек со ниска интелигенција којшто успеал во животот. Од раното детство, Форест Гамп имал случувања коишто биле многу важни за историјата на Америка. Тој станал носител на медали за храброст, воен херој, популарен универзитетски играч на фудбал и борец во војната во Виетнам. Тој не поставувал многу прашања, слепо ги прател правилата и го остварувал американскиот сон. Од друга страна пак, неговата симпатија Џени гласно се борела против американскиот систем, па затоа и немала никакви шанси за успех.
2. Перл Харбор (Pearl Harbor)
Овој американски воен филм е снимен во 2001 година со сјајната тројка сочинета од Бен Афлек, Џош Хартнет и Кејт Бекинсејл. Филмот говори за Втората светска војна и случувањата поврзани со нападот на Перл Харбор. Покрај акцијата, филмот е полн и со романтични сцени.
3. Пијанистот (The Pianist)
Овој филм е базиран на вистинската приказна за еден брилијантен полски пијанист и композитор, чијашто блескава кариера била прекината од Втората светска војна. Роман Полански е режисерот на овој филм, а главната улога маестрално ја одигра Адриен Броди кој за својот перформанс добил и Оскар. Филмот е долг и тежок за гледање, но е прекрасен.
4. Марија Антоанета (Marie Antoinette)
Оваа приказна има повеќе филмски адаптации, а последната верзија е снимена во 2006 година во режија на Софи Копола, со Кирстен Данст во главната улога. Филмот зборува за истоимената кралица која на 14-годишна возраст дошла во Франција за да се омажи за идниот крал Луј XVI. Тука е прикажан нејзиниот дворски живот, како и падот и обезглавувањето за време на Француската револуција.
5. Војвотката (The Duchess)
Прекрасната Кира Најтли во овој филм ја има улогата на своеглавата англиска аристократка од 18 век, која стапува во договорен брак со војводата од Девоншиера. Филмот е заснован на животот на Џорџијана Кавендиш која била предок на принцезата Дијана.
6. Робин Худ (Robin Hood)
Се работи за верзијата од 2010 година со Расел Кроу во улога на Робин Худ. Знаеме дека Робин Худ бил бунтовник којшто одземал од богатите и им давал на сиромашните. Се верува дека тој живеел во средновековна Англија околу Шервудската шума и тој е повеќе митска отколку историска личност.
7. Говорот на кралот (The King’s Speech)
Овој британски историски филм е снимен во 2010 година со Колин Фирт во главна улога. Дејството во филмот е во времето пред Втората светска војна и се работи за говорната маана на идниот крал Џорџ VI, како и алтернативните методи коишто се користат за тој да се излечи. Повеќе нема да раскажуваме, туку ви препорачуваме да го погледнете сами и да уживате во шармот на главниот актер.