7 филмови со женски ликови кои ќе ве потсетат на сопствената сила и моќ

7 филмови со женски ликови кои ќе ве потсетат на сопствената сила и моќ

Иако големината и силата на жената треба да се слават секој ден, Меѓународниот ден на жената е прекрасен потсетник за филмските приказни за жените кои се вечна инспирација. Но, жените честопати не се свесни за сопствената сила, а светот ретко ги потсетува на тоа. За да се потсетите на сопствената сила и моќ, погледнете ги овие филмови чии хероини ќе ве мотивираат и ќе ве инспирираат.

„Ерин Брокович“ („Erin Brockovich“)

Ерин Брокович е синоним за сила, упорност и мотивација, а нејзината приказна сигурно ќе ве инспирира да преземете нешто. Откако сама открила афера поврзана со екологијата, таа започнува борба што денес му е позната на целиот свет.

„Мали жени“ („Little Women“)

Откако излезе уште една филмска адаптација на романот „Мали жени“, почна многу да се дискутира дали е ова приказна за феминизмот или не. Без оглед на сè, оваа приказна навистина ги покажува женската сила и нејзината борбеност во светот кој пред 150 години беше скроен само за мажи.

„Фрида“ („Frida“)

Фрида Кало и сите тешкотии што ги надминала низ целиот живот засекогаш ќе бидат инспирација за многу жени од целиот свет. Во својата младост, Фрида доживеала сериозна сообраќајна несреќа што оставила трајни ефекти врз нејзиното тело, но и врз нејзиниот ум. Но, Фрида нема да се предаде во ниту еден момент, а нејзината сила е извор од кој можете да научите многу работи.

„Скриени фигури“ („Hidden Figures“)

Ова е филм за математичари кои се одговорни за заминувањето на Америка во вселената. Но, оваа приказна не е само приказна за победите во вселената, тоа е приказна за борбата на луѓето кои биле одбиени само поради бојата на кожата. Ова е приказна за жените кои се бореле за сите оние кои немале право на глас, за оние кои морале да одат во посебен тоалет, да седат на посебни места во автобусот и да бидат одделени од другите колеги на работа. Нивната приказна и нивната борба ќе ве инспирираат и ќе ви дадат сила за сопствените битки.

„Франсис Ха“ („Frances Ha“)

Франсис е прилично изгубена девојка во средината на 20-тите години, обидувајќи се да открие како функционира светот и како да ги вклопи сопствените желби и соништа во тој свет. Ова е филм за пронаоѓањето, за стравовите и за растењето. Во овој филм ќе најдете прекрасни и поучни дијалози, а откако ќе го гледате, ќе сфатите дека никогаш не е доцна да ги остварите сопствените соништа.

„Фантастична жена“ („A Fantastic Woman“)

Орландо и Марина се среќаваат во ноќен клуб каде што Марина работи како келнерка и повремено ги забавува гостите пеејќи. За време на еден нејзин настап, нивните очи се среќаваат и тие се вљубуваат. Но, за жал, нивната врска не трае долго. Една вечер, Орландо завршува во болница и умира во операционата сала. Ова значи сосема нов живот за Марина, полн со предизвици со кои треба да се соочи.

„Мокси“ („Moxie“)

Мокси е американска драма за тинејџерка која решава да ги следи стапките на својата мајка и да се бори во сопствениот свет, кој според неа е полн со сексизам, неправди и токсични односи помеѓу девојчињата и момчињата.

Погледнете ги овие 4 филмови од кои ќе научите важни животни лекции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар