7 филмови кои ќе ви помогнат полесно да се справите со скршеното срце
Раскинувањето е тешко, можеби најтешкото нешто низ кое една личност може да помине. Во тие моменти светот изгледа темен и како животот да нема никаква смисла. Вашата енергија е истрошена и сончевата светлина ви изгледа како да е вашиот најлош непријател. Доколку се чувствувате како по раскинувањето да немате енергија да станете од вашиот кауч, тогаш овие филмови дефинитивно би можеле да ви помогнат. Дајте им шанса, дури и ако веќе сте ги гледале и набрзо ќе бидете како нови.
1. Дневникот на Бриџит Џонс (Bridget Jones’s Diary)
Ако постои еден лик кој може да направи да се почувствувате добро во својата кожа, тоа е Бриџит Џонс. Нејзината чудност и психотичен процес на размислување се истовремено лесни за разбирање, но и изненадувачки инспиративни. Приказната се врти околу нејзиното скршено срце од маж кој прави таа да се чувствува безвредно и инфериорно во однос на него, па токму затоа и многумина можат лесно да се пронајдат во нејзиниот лик.
2. Легално плавуша (Legally Blonde)
Ел Вудс е модел на однесување за сите жени. Наместо да се чувствува тажно и да се жали себеси по раскинувањето, таа решава да студира право на Харвард и да им покаже на сите дека е многу повеќе од нејзината убавина. Таа ни покажува како една девојка со скршено срце може да излезе од таа ситуација посилна од кога било претходно.
3. 500 денови со Самер (500 Days of Summer)
И покрај тоа што уште на самиот почеток публиката е предупредена дека не станува збор за љубовна приказна, овој филм ја доловува сировата реалност на љубовта и врските. Главните ликови ни покажуваат колку е навистина комплицирано да се љуби и зошто никогаш не би требало да се обвинувате себеси кога ќе дојде крајот. Понекогаш, едноставно нештата не успеваат. Овој филм е за сите оние кои повеќе давале во врската одошто добивале.
4. Под сонцето во Тоскана (Under the Tuscan Sun)
Зарем има подобар начин да се справите со раскинувањето од купување вила во Тоскана? Овој филм нè тера да размислуваме и сонуваме за тревата која се вели дека е позелена на другата страна од оградата. Но, токму главниот лик, Франсис, нè учи како да го извлечеме доброто во секоја ситуација, дури и тогаш кога нашето срце е скршено.
5. Заборавајќи ја Сара Маршал (Forgetting Sarah Marshall)
Овој филм без сомнение ќе повика насмевка на вашето лице по многуте солзи. Приказната истовремено нè тера и да се смееме и да плачеме за главниот лик кој го толкува Џејсон Сигел. „Заборавајќи ја Сара Маршал“ е одличен избор за оние кои преживеале неверство бидејќи нè потсетува дека секогаш постои некој подобар кој нè чека зад следниот агол.
6. Убиј го Бил (Kill Bill)
Ова е можеби најдобриот филм со одмазда на сите времиња. Но, ве молиме, ве молиме не добивајте идеи од него…
7. Сексот и градот (Sex and the City)
Дури и да не сте ја гледале ТВ серијата, ова е одличен филм за сите оние кои се почувствувале предадени од своите љубени. Тој истовремено ќе ви го скрши, но и стопли срцето и ќе ви даде сосема нова перспектива на вашата стара љубов која можеби досега не сте ја гледале. И не заборавајте да им се јавите на вашите најдобри пријатели. Тие се секогаш тука за вас.