6 причини зошто новата ТВ серија „Lupin“ треба веднаш да ја изгледате
Ова е француска ТВ серија која раскажува за човек чиј живот е превртен како тинејџер кога неговиот татко неправедно е обвинет за кражба на ѓердан кој некогаш ѝ припаѓал на Марија Антоанета.
Еве неколку причини зошто треба да ја изгледате:
1. Одлично планирана кражба со личен пресврт
Ако ја гледавте серијата „Lа Casa de Papel“, тогаш сигурно ќе бидете воодушевени и од оваа одлична приказна!
2. Главниот лик е фантастичен!
Тој е паметен, шармантен и брилијантен, а неговиот перформанс е повеќе од совршен!
3. Споредните ликови и нивните односи со главниот лик се одлични
Да, главниот лик и неговата приказна се одлични, но ќе уживате и во моментите кои тој ги споделува со неговите најблиски, вклучувајќи ги и неговата љубов од средно училиште и поранешна сопруга, 14-годишниот негов и син на Клер и неговиот пријател од детството.
4. Серијата е инспирирана од книгата „Авантурите на Арсен Лупин“ од Морис Лебланк
Ако ја немате прочитано книгата, можеби ќе треба да ѝ дадете шанса!
5. Одберете ја серијата поради акцијата и одлично планираната кражба, но исто така и за уживање во убавините на Париз
Кражба? Интересно. Кражба во музејот Лувр? Ова е навистина предизвикувачко и адреналинско!
6. Последната причина да ја изгледате серијата е тоа што првата сезона има само 5 епизоди, па еве ви добар план за следниот студен викенд!
Ве предупредуваме дека кога ќе заврши, ќе сакате повеќе, но засега нема гласини за втора сезона.
Дали веќе ја изгледавте новата серија „Tiny Pretty Things“ која нè воодушеви уште на почетокот?