6 филмови кои зборуваат за расите – табу темата на денешницата
Расните проблеми отсекогаш биле комплицирана тема во Америка. Тоа сè уште го дели општеството, го отуѓува човекот и на незамислив начин влијае на секојдневниот живот луѓето. Честопати во голема мерка е дефинирано со бојата на кожата.
Додека протестите и масовните немири против расизмот се одвиваат во Америка поради смртта на Џорџ Флојд, ние решивме да се потсетиме на прекрасните, инспиративни приказни за храбри луѓе чија боја на кожа со години претрпе многу предрасуди. Тоа ве потсетува и на единствената работна што е навистина важна – да се биде добронамерен и љубезен човек. Ова е причината поради која сакаме да ви споделиме 6 филмови кои ве носат низ историјата, сегашноста и иднината на потемните луѓе во Америка.
„Гордост“ (Pride)
Оваа драма од 2007 година ја следи приказната на афроамериканскиот пливачки тим од 70-тите. Филмот прикажува голем број пречки токму поради расни проблеми. Во сите овие проблеми, пливачите се борат за своето место во спортот со последните сили. Оваа забавна, а во исто време и трогателна драма нема да ве остави рамнодушни.
„Скриени фигури“ (Hidden Figures)
Оваа вистинска приказна од 2016 година ги следи животите на три афроамерикански жени кои работеле во НАСА во 50-тите и 60-тите години. Сигурно претпоставувате како било во тоа време. Оваа приказна нуди реален поглед на расните тензии во времето на граѓанските права, со силни пораки за интегритет, упорност, тимска работа и комуникација.
„Помош“ (Help)
Ако немате слушнато за овој филм сега е вистинското време да го изгледате. На неверојатно трогателен начин, овој филм го прикажува животот на црните жени во 60-тите години. Приказната е посебна, бидејќи е режирана како еден вид комедија и покрај сериозните расни проблеми.
„Големите демонстранти“ (The Great Debaters)
Прекрасен филм од 2007 кој претставува инспиративна драма за тимот на дебати кој во 30-тите години наидува на големи пречки. Оваа едукативна драма е одличен начин да дознаете за расната историја на Америка, затоа дефинитивно ја препорачуваме.
„Омразата што ја сееш“ (The Hate You Give)
Ова е драма од 2018 која се заснова на истоимениот роман и ја следи приказната за тинејџерка по име Стар Картер. Таа е сведок на убиството на нејзината најдобра пријателка. Прилично тешка и интензивна приказна, а ние ви предлагаме да подготвите и марамчиња.
„Виолетова боја“ (The Color Purple)
Екстремно интензивна драма која е заснована на истоимениот роман која покрај расизмот, зборува и за инцест и злоупотреба. Овој неверојатен филм го прикажува тешкиот живот на црните жени во почетокот на 20 век.
Можеби ќе ве интересираат и 5-те најдобри филмови за кралските семејства што треба да ги гледате.