6 филмови кои ќе ви го скршат срцето, но и кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото
Ако ги сакате оние филмови кои ве удираат директно во срцето, тогаш без сомнение сте на вистинското место. Следува најдобрата колекција од оние приказни кои ќе измамат и насмевка и солзи од вас, додека истовремено ќе ви ја вратат и вербата во човештвото. Овие филмови се за вистинската поврзаност на братството, моќта на пријателството и за најголемите сили во светот кои ги соединуваат родителите и децата.
1. Јас сум Сем (I Am Sam)
Сем, татко со интелигенција на 7-годишно дете се обидува да се грижи за својата ќерка, Луси, која ја добил од врската со жена бездомничка. Нивната поврзаност е силна и тие се сакаат повеќе од сè на светот. Но, нештата ќе почнат да се комплицираат кога еден социјален работник ќе предложи Луси да се смести кај други родители.
2. Бегство од Шошенк (The Shawshank Redemption)
Ендрју е успешен банкар чиј живот драстично ќе се смени откако ќе биде погрешно обвинет на доживотен затвор за убиството на неговата жена и нејзиниот љубовник. Во затворот, тој ќе се спријатели со Елис Бојд, познат како Ред, кој ќе стане неговиот најблизок пријател. Заедно, тие ќе се обидат да го променат теророт кој владее во затворот и ќе мечтаат за нивната слобода. Ова е топла приказна за пријателството, лојалноста и надежта.
3. Слепата страна (The Blind Side)
Оваа трогателна комедија и драма е инспирирана од вистинската приказна за американскиот фудбалер, Мајкл Оер. Тој бил скоро бездомник како тинејџер, а неговата мајка – зависна од дрога. Но, неговиот живот целосно ќе се промени откако тој една дождлива вечер ќе ја запознае Леа која ќе го покани во нејзиниот дом.
4. Марли и јас (Marley and Me)
Младенците Џон и Џени го започнуваат нивниот заеднички живот со љубов и ентузијазам како и секој друг заљубен пар. Брзо потоа, Џон, кој не е подготвен да стане татко, решава да ѝ подари на Џени неодоливо кутре со цел да ја одложи одлуката за имање деца. Токму тогаш и почнува авантурата…
5. Момчето во ригестите пижами (The Boy in the Striped Pajamas)
Станува збор за ужасна, но истовремено и прекрасна приказна за пријателството. Бруно, малиот син на еден нацистички војник во Германија, открива ограда покрај нивната куќа, зад која забележува љубопитно момче кое носи ригести пижами. Бруно се доближува за да го запознае, без да сфати дека оградата го обиколува концентрациониот камп Аушвиц, и дека момчето е син на еврејски затвореници. Тие се зближуваат, без да бидат свесни за нештата кои ги разликуваат.
6. Били Елиот (Billy Elliot)
11-годишниот Били е син на рудар за јаглен кој живее во сиромашна рударска заедница во Северна Англија. Еден ден, Били налетува на час за балет за време на неговиот час по боксување и открива дека балетот е тоа што навистина го сака. Спротивно од волјата на татко му, момчето се обидува да ги оствари своите соништа да стане професионален танчар.