6 европски хорор филмови кои можат да ве вознемират
Европската филмска продукција располага со хорор филмови кои можат да бидат многу страшни и вознемирувачки за публиката без да се потпираат на евтините холивудски финти. Ви предлагаме шест од нив кои се излезени од 2000 година па наваму.
1. Сиропиталиште (El Orphanato)
Главни улоги: Белен Руеда, Фернандо Кајо, Рохер Принсеп
Година: 2008
Јазик: шпански
Времетраење: 105 минути
Кратка содржина: Лаура организира забава по повод повторното отворање на сиропиталиштето каде што таа пораснала, но тоа се претвора во кошмар откако нејзиниот син мистериозно исчезнува истата вечер кога почнува да зборува за замислен другар. Режисер на филмот е Гилермо Дел Торо.