5 супер филмови кои излегуваат во ноември
Во продолжение следуваат најавите за пет филмови кои излегуваат во следните неколку недели, а за кои се очекува да остават печат на филмската 2014 година.
1. Интерстелар (Interstellar)
Интерстелар е долгоочекуван научно-фантастичен блокбастер режиран од Кристофер Нолан. Метју Меконахи и Ен Хатавеј се јавуваат во главните улоги како водачи на експедиција чија цел е да истражи новооткриена црна дупка која треба да им послужи како пат кон досега невидени научни откритија.
2. Близнаците Скелетон (The Skeleton Twins)
Близнаците Скелетон не се совпаѓаат со стереотипот за близнаци. Тие ретко се гледаат, но кога во еден сплет на околности и двајцата ќе ѝ избегаат на смртта во еден ист ден, тие повторно ќе ги најдат причините за да бидат заедно како семејство.
3. Барот (The Drop)
Том Харди го глуми Боб Сагиновски, бармен кој работи во барот каде што некои криминалци од Бруклин перат пари. Еден ден таму ќе се случи грабеж, а полициската истрага се заканува да разоткрие што сè се случувало таму. Ако тие дознаат за недозволените активности, многу семејства од тоа соседство можат да останат на улица.
4. Игра на имитирање (The Imitation Game)
Бенедикт Камбербач ја толкува улогата на криптолог кој во Втората светска војна успева да ги пробие шифрираните пораки на Хитлер. Овој филм веќе се споменува како сериозен кандидат за Оскар за најдобар филм.
5. Игри на гладните: Мокингџеј, прв дел (The Hunger Games: Mockingjay, Part I)
Игрите на гладните застанаа во моментот кога Кетнис Евердин сфати дека е на прагот на големи промени во општеството. Таа веќе е голем херој во нејзината средина, па затоа ќе има голема поддршка во нејзиниот обид да ги спаси заробениот Пита и нацијата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
pojma nemateeeeeeeeeeee