5 филмови за ментални болести кои секој треба да ги изгледа
Понекогаш филмовите не се само за забава, тие ни помагаат и да се излечиме. Кога станува збор за некој личен проблем, како ментално нарушување, повеќето луѓе не можат да го споделат со другите. Па многумина наоѓаат утеха во филмовите кои обработуваат теми слични на нивниот проблем. Овие филмови им покажуваат дека не се сами, дека некој ги разбира и им нудат некаква утеха. Погледнете некои од најдобрите филмови за ментални болести кои навистина вреди да ги изгледате.
1. Бабадук (The Babadook)
Овој филм на Џенифер Кент ја раскажува приказната на една жена чиј маж загинал на ужасен начин. Таа останала сама со нејзиниот син кој му подлегнува на стравот од едно чудовиште. Полека, жената сфаќа дека и таа може да го почувствува присуството на чудовиштето.
Овој филм не го нуди решението за депресија. Наместо тоа, филмот нè учи дека иако можеби не постои некаков лек, има можност ситуацијата да се држи под контрола.
2. Црниот лебед (The Black Swan)
Режиран од Дарен Аронофски, овој психолошки трилер е за една балерина која страда од шизофренија. Во филмот се прикажани нејзините халуцинации кои ѝ предизвикуваат и многу други психолошки и физички проблеми. Таа страда и од нарушување во исхраната, ментална болест која станува сè почеста.
Филмот ги истражува предизвиците со кои еден човек може да се соочи во животот. Предизвиците се различни, но со помош и поддршка од другите можеби постои начин да се надминат.
3. Скалата на Јаков (Jacob’s Ladder)
Ова е психолошки хорор на режисерот Адриан Лин. Главниот лик, Јаков, е ветеран од Виетнамската војна. Тој страда од посттрауматски стрес кој му предизвикува халуцинации и страшно повторување на настаните кои ги доживеал.
Халуцинациите во филмот се многу застрашувачки, но реално прикажуваат со што се соочуваат луѓето кои страдаат од ова нарушување. Овој филм ни помага да сфатиме дека психолошките битки може да бидат навистина тешки, но и дека секогаш има надеж.
4. Меланхолија (Melancholia)
Ремек-делото на Ларс вон Триер е научна фантастика, но и психолошки трилер. Преку очите на Џастин ние можеме да погледнеме во животот на луѓето кои страдаат од депресија. Како тие чувствуваат дека им се распаднал светот, за веднаш потоа да бидат во мирна состојба. Сред распаѓањето на нејзината врска, Џастин останува сама со семејство кое има многу нефункционални елементи. Таа е опкружена со луѓе кои ѝ ги покажуваат сите грди страни на човештвото, а ова придонесува за нејзиното исклучување од светот. Само кога Земјата е секунди пред судир со огромно небесно тело и сите се исплашени, Џастин ја открива својата мудрост.
Овој филм покажува дека депресијата не му влијае само на човекот кој страда, туку има влијание и на целото семејство.
5. Се насмевнувам (I Smile Back)
Филмот на Адам Салки ни ја раскажува приказната на Лани Брукс. Таа ужива во дрога, и спие со други мажи и покрај тоа што е во брак и има деца. Дури кога ќе се распадне нејзиното семејство таа ја согледува својата грешка и дава сè од себе за да ја поправи.
Лекувањето на секое ментално нарушување е тешко, но без разлика на тоа вреди да се обидете.
Покрај оваа листа, постојат уште многу филмови на оваа тема кои би сакале да ги изгледате. Нема потреба да имате ментални проблеми за да ги изгледате, но ако познавате некој таков, можеби токму овие филмови ќе ви помогнат да го разберете.
Погледнете и некои од најпознатите филмови кои биле забранети.