5 филмови снимени според вистински настани што ќе ве заинтригираат

5 филмови снимени според вистински настани што ќе ве заинтригираат

Добрите приказни доаѓаат во различни форми, но има нешто посебно во филмовите што се снимени според вистински настани. Инспирирани од вистински ситуации и луѓе, филмовите снимени според вистински настани обично оставаат без текст, инспирираат и шокираат. Овие 5 филмови се доказ дека животот навистина пишува приказни.

„Под лупа“ („Spotlight“)

„Под лупа“ е филм што го остави целиот свет во шок. Приказната се врти околу новинарите од „Бостон глоуб“, кои ги разоткриле католичките свештеници кои сексуално злоставувале деца во Бостон. Во 2003 година, „Бостон глоуб“ доби Пулицерова награда за својата работа. Марк Руфало, Мајкл Китон и Рејчел Мекадамс ќе ве одведат на возбудливо и интригантно патување што долго ќе го паметите.

„Зодијак“ („Zodiac“)

Ако обожавате добри мистерии, „Зодијак“ е вистинскиот филм за вас. Станува збор за една од оние екранизирани приказни на кои секогаш сакате да им се вратите. Заплетот е сместен во шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век и ја следи приказната за еден детектив-аматер, кој станува опседнат со сериски убиец. Два и пол часа генијални и напнати приказни за еден од најшокантните сериски убијци во светот.

„Социјална мрежа“ („The Social Network“)

Сигурно го користите Фејсбук секој ден, но ако случајно сè уште не знаете која сторија стои зад неговото создавање, време е да се запознаете со работата на генијалниот Марк Цукерберг. Ова е приказна за идејата и за процесот на создавање социјална мрежа која го смени светот засекогаш. Џеси Ајзенберг совршено го глуми Цукерберг и ќе ве запознае со тој малку чуден генијалец кој имал идеја вредна милијарди.

„Во дивината“ („Into the Wild“)

„Во дивината“ е една од оние приказни што ќе ве смени засекогаш. Кристофер Меккендлес е навидум обичен студент, кој го изненадува своето семејство откако донира повеќе од 20.000 американски долари од сопствените заштеди во добротворни цели по завршувањето на колеџот и се впушта во авантура за цел живот. Кристофер одбива да живее нормален живот и оди да живее во дивината на Алјаска. Оваа инспиративна и потресна приказна ќе ве шокира и ќе предизвика многу прашања.

„Изгубени девојки“ („Lost Girls“)

Станува збор за потресна приказна за Мари Гилберт и за нејзината исчезната ќерка Шанан, која работела како проститутка. Откако полицијата не успеала да го реши случајот, Мари започнува сопствена истрага на Лонг Ајленд, каде што нејзината ќерка била видена последен пат. Нејзината потрага ќе доведе до шокантни откритија, а приказната зад сето тоа ќе ве остави во шок.

Погледнете ги овие 4 документарни филмови што ќе го променат вашиот поглед кон животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар