5 декемвриски филмски премиери што не би сакале да ги пропуштите!

5 декемвриски филмски премиери што не би сакале да ги пропуштите!

Оваа година ќе заврши со огромна експлозија на големото платно! Од нови карактери во светот на Марвел и Ди-Си, до враќањето на Мери Попинс, Шерлок и Вотсон и запознавањето со сосема нови лица како Бамблби, овој месец без сомнение нè очекуваат многу добри наслови.

1. Спајдермен: Во светот на пајаците (Spider-Man: Into the Spider-Verse) – 12 декември

Фил Лорд и Кристофер Милер, режисерите на Филмот Лего (The Lego Movie), Облачно со услови за ќофтиња (Cloudy with a Chance of Meatballs) и 21 и 22 Џамп Стрит (21 and 22 Jump Street) го враќаат Спајдермен на своето родно место со првиот анимиран филм за овој суперхерој.

2. Аквамен (Aquaman) – 13 декември

Аквамен е еден од најочекуваните филмови од универзумот на Ди-Си. Со Џејсон Момоа во улога на главниот суперхерој, целиот свет будно ги одбројува деновите до неговото излегување.

3. Враќањето на Мери Попинс (Merry Poppins Returns) – 19 декември

Емили Блант ја доби привилегијата да биде познатата Мери Попинс! Црпејќи ја инспирацијата од седумте дополнителни романи на П. Л. Траверс, приказната ќе се одржува во депресивната ера на Лондон (кога книгите биле оригинално напишани).

4. Бамблби (Bumblebee) – 20 декември

Бегајќи во 1987-ма година, Бамблби наоѓа засолниште во складиште со отпад, покрај мало гратче на плажа во близина на Калифорнија. Чарли, која има едвај 18 години, пробувајќи да го најде нејзиното место во овој свет, го открива Бамблби, со воени лузни и скршен. Кога ќе го врати во живот, таа дознава дека е далеку од обично жолто автомобилче.

5. Холмс и Вотсон (Holmes & Watson) – 21 декември

Ферел ќе ја преземе улогата на Холмс, а Рејли на неговиот верен соработник, Вотсон. Оваа комедија без сомнение е една од најочекуваните за оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар