4 серии кои мора да ги изгледате заедно со вашата најдобра пријателка
Покрај сончањето на плажа и разновидните заеднички активности, додека се криете од сонцето погледнете ги овие одлични серии. Начинот на кој ќе го пополнувате слободното време нека биде со квалитетни содржини, а заедничкото гледање серија со пријателката само ќе го зацврсти вашето пријателство. Па, што чекате? Поканете ја на маратон со гледање серии.
1. Нечесни слугинки (Devious Maids)
Доколку ја обожававте ТВ серијата „Очајни домаќинки“ (Desperate Housewives), тогаш не смеете да ја пропуштите оваа. Во неа е проследен животот на четири слугинки кои работат во богати семејства во Беверли Хилс. Секоја од нив има различни соништа и амбиции, а освен прикажувањето на нивните животи, оваа серија дава и една важна животна лекција – дека никогаш нема да знаете што се случува зад затворените врати на навидум среќните семејства.
2. Портокаловото е новото црно (Orange Is The New Black)
Станува збор за американска криминалистичка драма – комедија која се заснова на мемоарите на Пајпер Керман и нејзината книга „Портокаловото е ново црно: Мојата година во женски затвор“ (Orange Is the New Black: My Year in a Women’s Prison) во која зборува за нејзините искуства во затвор. Целата приказна се врти околу Пајпер Чапман, жена која е осудена на 15 месеци затвор поради пренесување актовка полна со пари од дрога на нејзината поранешна девојка, која пак се занимавала со меѓународно шверцување дрога. Тие две повторно се среќаваат зад решетките и тоа ќе биде вистинското време да ги израмнат сметките од минатото.
3. Нова девојка (New Girl)
Џесика Џес Деј е во своите доцни 20-ти, предава во локално основно училиште во Лос Анџелес и на прв поглед во нејзиниот живот сè изгледа совршено. Но, работите почнуваат да се комплицираат кога ќе се врати од другиот град и ќе го фати на дело нејзиниот дечко кој ја изневерува. Тоа ќе ѝ го промени животот од корен. Така одлучува да се пресели за да избега од несреќната врска, а потрагата по ново место за живот ќе ја однесе до нови познанства кои дополнително ќе ѝ го „раздрмаат“ животот.
4. Ова сме ние (This Is Us)
Целото дејствие се однесува на животот и поврзаноста на неколку членови на семејството кои слават ист роденден, но нивните карактери се тотално различни. Серијата следи две паралелни дејствија во кои се испреплетуваат во сегашноста и минатото. На тој начин ги прикажуваат среќните семејни моменти од животот на двајцата браќа и нивните сестри, но и некои поприлично тешки, емотивни периоди. Оваа ТВ серија ќе ве научи колку е важно семејството, но и дека постојат пријателства кои се подеднакво вреди.
Прочитајте и за овие 4 начини на заедничко гледање серии со кои може да се зајакне врската.