4 култни филмови поради кои уште повеќе го обожаваме Хју Грант
Славниот Хју Грант е роден пред 59 години. Британскиот актер зад себе има многу успешна кариера и бројни романтични филмови со кои ги освои женските срца ширум светот. Ретко е да се најде жена што може да одолее на неговите филмови, особено кога станува збор за овие четири!
1. 4 свадби и погреб (Four Weddings and a Funeral)
Ова е филмот со кој Хју Грант стекна голем број обожавателки. Интересно е што за малку тој немало да ја добие оваа улога, но среќата му се насмевнала и со тоа ја запечатил својата актерска иднина. Овој филм излезе во 1994 година и до ден денес се смета за еден од најромантичните.
2. Љубов, всушност (Love Actually)
Светски популарниот филм од 2003 година не би бил ист ако Грант не беше избран за оваа улога. Неговите танцови чекори и љубовната приказна помеѓу Дејвид и Натали е една од најголемите романтични приказни досега раскажани.
3. Во љубов верувам (Notting Hill)
Ова е филмот што освои многу женски срца ширум светот! Хју Грант и Џулија Робертс биле првиот избор за улогите на Вил, сопственикот на мала книжарница и Ен, американска актерска ѕвезда. Хемијата помеѓу нив е неоспорна, па затоа и овој филм е сè уште популарен, дури и покрај тоа што излезе во 1999 година.
4. Дневникот на Бриџит Џоунс (Bridget Jones’s Diary)
Во филмскиот хит од 2001 година, Грант се соочи со силна конкуренција во облик на Колин Фирт, кој ја толкуваше улогата на Марк Дарси. Од друга страна пак, Хју Грант беше Даниел Кливер – шефот-женкар во кој Бриџит беше заљубена. Иако таа на крајот го избра Дарси, сепак беше навистина тешко да му се одолее на Кливер.