4 филмови од кои ќе научите важни животни лекции

4 филмови од кои ќе научите важни животни лекции

Целата содржина што ја апсорбираме во текот на денот има влијание врз нас. Ние го обликуваме нашиот свет со читање книги, гледање серии и филмови и слушање музика. Секој добар филм е прозорец кон нов свет. Преку филмовите го откривате светот околу и во вас самите. Од нив можете да научите важни животни лекции и многу нови работи. Ако ви требаат токму такви филмови деновиве, погледнете некој од овие:

„Викај ме со твоето име“ („Call Me by Your Name“)

Елио е 17-годишно момче кое живее со своите родители во Северна Италија. Неговиот татко, професор по археологија, го поканува младиот американски научник Оливер да му помогне во неговата работа. Заплетот е многу бавен, но доволно остар и јасен што за многу кратко време сфаќате дека ќе се создаде прекрасна љубовна приказна помеѓу Оливер и Елио од која можете да научите многу важни работи.

„И твоја мајка“ („Y Tu Mama También“)

Морето, песокот, двајца тинејџери и жената од нивните соништа ќе ве одведат низ патување кое секој би го посакал. Двајцата најдобри пријатели на свадба запознаваат жена со која започнуваат животна авантура. Таа ќе ги научи за пријателството, за љубовните врски и за сексуалноста. Ова е филм што ќе ве потсети дека навистина треба да го живеете животот со полни гради.

„Медузата и китот“ („The Squid and the Whale“)

Овој филм е за две момчиња кои се справуваат со последиците од разводот на своите родители. Ова е приказна која ги обединува стравот, страдањето и смеата. Постариот син, Волт, е понаклонет кон својот татко, го смета за голем човек и пример и честопати ја осудува својата мајка за сè што им се случило. Помладиот син, Френк, е повеќе приврзан за својата мајка. Нивната заедничка борба, начинот на комуникација и сите проблеми со кои се соочуваат ќе ве научат дека во односите најважни се пристапот и искреноста.

Жени на дваесеттиот век („20th Century Women“)

Прекрасна драма за растењето тинејџер со самохрана мајка и со нивните станари. Но, исто така, драма што го прикажува растот на мајката низ авантурите на синот кој веќе не е дете. Оваа топла приказна ќе ве научи многу. Овој филм ќе ви даде одговори на прашањата поврзани со воспитувањето, односот помеѓу мажите и жените и животната среќа и исполнетост.

Погледнете ги овие 5 романтични филмови кои ја прикажуваат љубовта каква што е навистина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар