4 документарни филмови што ќе го променат вашиот поглед кон животот
Факт е дека медиумите влијаат врз вашите мислења и ставови, особено ако се поткрепени со научни факти. Поради таа причина, документарците што нè едуцираат ја зголемуваат свеста и нè охрабруваат да направиме позитивни промени во животот. Овие 4 документарни филмови ќе ве охрабрат да размислите за вашата врска со природата, ќе ви покажат зошто не треба да одите во зоолошки градини и во забавни паркови со животни и како навистина функционира светот.
„Медена земја“
Филмот „Медена земја“ е приказна за скромна пчеларка која го открива фундаменталниот проблем на човековиот став кон природата. Овој филм се снимаше три години и го прикажува современиот став на човекот кон природните ресурси – неговата бескрупулозна експлоатација и занемарувањето во слепата трка за да се зголеми профитот.
„Cowspiracy: Тајната на одржливоста“ („Cowspiracy: The sustainability secret“)
Ако сè уште не сте го гледале овој филм, ова е нешто што сигурно ќе ве натера да јадете помалку месо. Контроверзниот документарен филм го испитува влијанието врз животната средина на одгледувањето животни за потрошувачка и ја прикажува приказната зад сцената на познатите организации за животна средина. Филмот ќе ве охрабри да го преиспитате сопствениот став за одгледувањето животни, но и за пребарувањето на Интернет на теми како што се глобалното затоплување и уништувањето на шумите.
„Црна риба“ („Blackfish“)
Ова е потресен документарец што го следи Тиликум – орка китот кој живее во забавниот парк „SeaWorld и ги опишува сите контроверзии во врска со животот на овие животни во заробеништво. Филмот ќе ве натера да размислите повторно пред да влезете во зоолошка градина или во забавен парк со животни.
„Темната страна на чоколадото“ („The dark side of chocolate“)
Овој документарен филм ги следи плантажите со какао во Гана и Брегот на Слоновата Коска, каде што честопати работат деца на возраст помеѓу 7 и 15 години. Поради многубројните тајни снимки, ќе видите една сосема друга приказна. Со ветување за платена работа и подобри услови за живот, овие деца тргнуваат по патот на неизвесноста, но полни со надеж, за на крајот да останат сами и без основни услови за живот. Детскиот труд е забранет со закон, а документот е потпишан од најголемите светски имиња во индустријата за чоколадо.
Погледнете ги и овие 6 филмови кои зборуваат за расите – табу темата на денешницата.