3 одлични ТВ серии за жени - Part 2

3 одлични ТВ серии за жени

2. Љубовнички (Mistresses)

3 одлични ТВ серии за жениЖанр: драма, трилер

Премиера: 3 јуни 2013

Број на сезони: 1 (сезона 2 ќе започне налето во 2014)

Главни улоги: Алиса Милано, Јонџин Ким, Рошел Ајтс, Џес Мекалан

Кратка содржина: Провокативна и возбудлива драма за скандалозните животи на четири сексапилни пријателки: Севи, Џослин, Ејприл и Керен.

Секоја од нив минува низ различна бурна фаза од љубовниот живот сочинета од микс од чувства: возбуда, себеспознавање, таинственост и предавство. Севи се обидува да пронајде баланс помеѓу кариерата и семејниот живот, сестра ѝ Џослин сака само да се забавува и постојано менува сексуални партнери, Ејприл е млада мајка која неодамна останала вдовица, а Керен е успешна терапевтка која имала забранета афера со пациент во фаза на умирање.

3 одлични ТВ серии за жени

Лична критика: Ова е забавна, возбудлива серија со многу заплети и расплети. Темата е можеби веќе позната, 4 секси млади жени со заеднички сили се обидуваат да ја намалат бурата во нивните љубовни животи, но наместо тоа уште повеќе ги комплицираат работите. Сите вие коишто сте љубители на „Очајни домаќинки“ и „Сексот и градот“, сега имате нова драматична приказна, со поинаков шмек, која фино ќе ви го пополни времето. Напишана е од сценаристот на „Озборувачка“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар