15 филмови кои ќе ве разнежат во топлите летни ноќи
11. Маќеа (Stepmom) – 1998
Ако некогаш постоел филм кој нè натерал да се расплачеме најмногу што можеме, тогаш тоа е дефинитивно овој! Не само што ќе ве натера повеќе да ја цените вашата мајка, туку и ќе ви даде причина да се нафрлите на садот со сладолед откако ќе се изнаплачете.
12. П.С. Те сакам (P.S. I love you) – 2007
Што е поемотивно од приказната за млада вдовица која открива дека нејзиниот маж ѝ оставил 10 пораки за полесно да се избори со неговата загуба? Овој филм мора да го погледнете.
13. Прошетка за паметење (A walk to remember) – 2002
Николас Спарк никогаш не погрешил. Ландон Картер и Џејми Саливен, кои се тинејџери од два потполно различни света, успеваат да изградат совршена романса, како од бајките. Но, сепак оваа приказна има и тажен дел. Џејми крие голема тајна…
14. Убави коски (The lovely bones) – 2009
Овој филм е заснован на истоимениот роман. Приказната нè води кон виорот од емоции на една млада девојка која е убиена. Таа цело време од небото го набљудува своето семејство и нејзиниот убиец. Во текот на филмот таа треба да се одлучи дали да се одмазди или да го остави нејзиното семејство да ја преболи нејзината загуба.
15. Додека сонувам буден (What dreams may come) – 1998
Уште еден филм во којшто глуми еден од најголемите актери, Робин Вилјамс. Трагична приказна за смртта, љубовта и соочувањето, која покажува на што сè е спремен мажот кога навистина сака.