15 филмови кои ќе ве разнежат во топлите летни ноќи
6. Челични магнолии (Steel magnolias) – 1989
Полн со хумор, но и со тажни сцени, овој филм е приказна за група пријатели кои „пловат“ низ животот. Во филмот се прикажани некои сериозни врски и односи, но и загубата на нивните блиски личности.
7. До небото (Up) – 2009
Зар филмовите на Дизни не треба да бидат претежно среќни? Почетната сцена нè „фати“ сосема неспремни.
8. Мојата девојка (My girl) – 1991
Во текот на тинејџерските години, една млада девојка станува избезумена и незадоволна од сопствениот живот, сè додека не запознае еден необичен пријател. Секако, ниту еден филм не е потполн ако не се случи барем некоја трагедија…
9. Бележникот (The notebook) – 2004
Дефинитивно еден од нашите омилени филмови! Кој не сака слатка љубовна приказна? Признајте, Ели и Ноа се совршен пар.
10. Слушај си го срцето (Listen to your heart) – 2010
Пејач и текстописец се заљубува во девојка која одеднаш го губи слухот… Слично како во филмот „Светот не е фабрика за исполнување желби“, и овој има голем заплет кој ќе ве натера да заплачете.