15 филмови кои ќе ве разнежат во топлите летни ноќи
Летото е вистински период за одмор и уживање, а знаете ли што значи тоа? Време е да ги изберете најдобрите филмови кои ќе ве разнежат и ќе ве натераат да пуштите по некоја солза. Да, добро ќе се исплачете со нив, но и ќе се забавувате. Ако ги немате погледнато овие филмови, топло ви ги препорачуваме.
1. Потрага по среќа (The Pursuit of Happiness) – 2006
Класична сентиментална приказна во која глумат Вил и Џејден Смит, кои гарантирано ќе ви ја размачкаaт маскарата. Следете го патувањето на Крис Гарднер и неговиот син, кои ќе ве однесат во суровата реалност на светот на бездомништвото и истрајноста.
2. Безусловно (Unconditional) – 2012
Ах, зарем не ги сакаме прекрасните пријателства и опростувања? Актерите Мајкл Или и Лин Колинс ќе ве одведат во емотивна приказна којa ќе ве воодушеви. Овој емотивен филм зборува за една жена и нејзиниот пријател од детството кој се обидува да ја врати нејзината верба во животот, после убивањето на нејзиниот маж во текот на една кражба.
3. Часови (Hours) – 2013
Ако присуството на Пол Вокер не е доволно за моментално да се расплачете, тогаш сигурно ќе испуштите некоја солза додека го гледате во филмот. Тој го ризикува својот живот за да ја спаси својата новородена ќерка, откако ураганот Катрина ќе ги спречи да отидат во болницата во Њу Орлеанс.
4. Светот не е фабрика за исполнување желби (The Fault In Our Stars) – 2014
Ова е најемоционалниот филм кој некогаш сме го виделе. Филмот е изработен според истоимениот роман на Џон Грин. Ние се опседнавме со главните ликови – Хејзел и Август кои се заљубуваат после состанокот на групата за поддршка на луѓето кои боледуваат од рак.
5. Момчето во пижами на риги (The boy in the striped pajamas) – 2008
Спремете марамчиња пред да започнете да ја гледате оваа драма која се базира на животот на две деца кои стануваат пријатели во текот на Холокаустот.