14 љубовни филмови базирани на вистински приказни

14 љубовни филмови базирани на вистински приказни

Многумина од нас слушаат различни љубовни приказни и си мислиме дека тоа се случува само во филмовите, затоа што реалноста е многу поедноставна и пообична. Но, постојат и такви филмови што се базирани на случки од реалниот живот. Погледнете ја оваа листа на 14 филмови што зборуваат за силната и чиста љубов.

1. Завет (The Vow)

14 љубовни филмови базирани на вистински приказни

Овој филм е базиран на приказната за младите Ким и Крикит Карпентер, глумени од Ченинг Татум и Рејчел МекАдамс. Младата двојка има несреќа што резултира Крикит да страда од амнезија. Таа ги изгубила спомените од изминатите 18 месеци, периодот во којшто се сретнала со својот иден сопруг и се заљубиле. Нејзината меморија не се враќа, но Ким не се откажува и останува со неа додека таа повторно не се заљуби во него.

2. Кралица на пустината (Queen of the Desert)

14 љубовни филмови базирани на вистински приказни

Овој филм се базира на биографијата за британската писателка и патописец, Гертруд Бел. Како ќерка на богати родители, девојката нема интереси за социјалниот живот на лондонските аристократи. Гетруда (играна од Никол Кидман) оди на исток каде што се заљубува во Хендри Гедоган, вработен во амбасадата, а толкуван од Џејмс Франко.

3. Ана и кралот (Anna and the King)

14 љубовни филмови базирани на вистински приказни

Овој филм е создаден од спомените на една наставничка, патник и јавна личност – Ана Леоновенс. Таа им предава англиски јазик и култура на 39-те сопруги на Кралот Монгкат и нивните 82 деца во повеќе од 5 години. Ана, чијшто карактер е толкуван од Џуди Фостер, добила репутација на мудра жена визионер која честопати го бранела своето гледиште.

4. Надвор од Африка (Out of Africa)

14 љубовни филмови базирани на вистински приказни

Филмот е базиран на автобиографската книга за данската писателка Карен Бликсен. Преселувајќи се во Африка за да започне свој бизнис, таа го запознава Денис Финч Хатон, ловец и патник. И покрај големата разлика во нивните интереси и вкусови, Карен и Денис имаат бурна романса. Филмот каде што Карен е играна од неспоредливата Мерил Стрип, бил почестен со 7 Оскари.

5. Опасна убавина (Dangerous Beauty)

14 љубовни филмови базирани на вистински приказни

Станува збор за филмска адаптација на биографијата на една од најпознатите и најубавите куртизани во Венеција во 16 век, Вероника Франко. Младата жена се заљубува во угледен и млад човек којшто не може да ѝ стане законски сопруг. По совет на нејзината мајка, Вероника станува куртизана и благодарејќи на нејзината духовитост и убавина, ги освојува срцата на многу мажи.

6. Теорија на сѐ (Theory of everything)

14 љубовни филмови базирани на вистински приказни

Погледнете го овој филм за да видите како научникот Стивен Хокинг се заљубува во студентка по филозофија, Џејн Вајлд. Наскоро, како што напредува неговата болест, тој почнува да ја губи контролата над своето тело, па со помош на својата сакана го продолжува неговото истражување. На Еди Редмајн, кој ја игра улогата на истакнатиот астрофизичар, му бил доделен Оскар за својот неверојатен перформанс.

7. Невидлива жена (Invisible Woman)

14 љубовни филмови базирани на вистински приказни

Овој филм ја раскажува љубовната приказна на Чарлс Дикенс, игран од страна на Ралф Фајнс, и младата жена именувана како Елен Тернан, толкувана од Фелисити Џоунс. Тие се запознале во 1857 година кога тој имал 45 години а таа 18. Бурната романса траела 13 години, сѐ до смртта на писателот.

Преминете на следната страница за останатите 7 филмови…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар