14 филмови кои го променија светот

14 филмови кои го променија светот

Добриот филм нуди нови идеи, нè учи на нешто ново и поставува свои вредности. Девојките почнуваат да се борат против криминалот, научниците наоѓаат инспирација во фантастичните приказни, бројот на ловци се намалува и милиони мажи почнуваат да сонуваат за русокоси во црвени костими за капење. Ова се филмовите кои успеале да направат некаква промена во светот.

1. „Црн пантер“ (Black Panther): Луѓето почнале да посвојуваат црни мачиња

14 филмови кои го променија светот

По премиерата на филмот многу луѓе почнале да посвојуваат црни мачиња. Пред тоа луѓето ги избегнувале мачките со оваа боја поради многуте суеверија. Сигурно сте слушнале дека ако црна мачка ви го пресече патот тоа е знак за несреќа. Покрај тоа, црните мачки се сметале за инкарнација на ѓаволот и слуги на вештерките.

2. „Бамби“ (Bambi): Бројот на ловџии се намалил за 50%

14 филмови кои го променија светот

Малото срнче Бамби едвај преживува откако мајка му е убиена од ловџии. По премиерата на цртаниот филм во 1942-ра година, многу ловџии го напуштиле своето хоби. Овој феномен е познат како „Бамби ефект“, односно кога луѓето ги гледаат животните како деца и го одбиваат ловењето.

3. „Кога јагнињата ќе стивнат“ (The Silence of the Lambs): Рекорден број жени аплицирале за работа во ФБИ

14 филмови кои го променија светот

ФБИ имале голема улога во филмот – за да се подготви за улогата, Џоди Фостер тренирала како агент. Претставниците на бирото се надевале дека филмот ќе ги привлече луѓето, и токму тоа се случило.

4. „Челусти“ (Jaws): Намален интерес за одмор на плажа и нови правила за безбедност

14 филмови кои го променија светот

Овој филм ги натерал луѓето да размислуваат за нивното однесување на плажа. Почнале да се поставуваат нови правила за безбедност како безбедносни мрежи и алгоритами за евакуација на луѓето. Во одбрана на ајкулите, повеќето смртни случаи се резултат на тоа што луѓето не знаат да пливаат. Ајкулите ретко се појавуваат на брегот и не се заинтересирани за човечко месо.

5. „Скајфол“ (Skyfall): Продажбата на жилети пораснала за 405%

14 филмови кои го променија светот

Неверојатно е како режисерот успеал да го претвори бричењето во една од најсекси сцените во филмот. Ова натерало илјадници мажи да почнат да се бричат „по старо“. Гугл забележал пораст за 735% во пребарувањата кои ги содржеле зборовите „опасни жилети“.

6. „В за вендета“ (V for Vendetta): Почеток на активна борба против репресијата на владата

(6)

Движењето Анонимуси се појави пред овој филм, но последната сцена во која илјадници луѓе ја ставаат познатата маска и ја започнуваат борбата против корупцијата ги инспирирала вистинските активисти да преземат нешто. Оттогаш Анонимуси ја носат маската и се обидуваат да го направат светот подобро место.

7. „Настрана“ (Sideways): Пино ноар станало најпознато вино во Америка

(7)14-filmovi-koi-go-promenija-svetot-kafepauza.mk

По премиерата на филмот, интересот за ова вино неочекувано се зголемил. Никој не очекувал дека филмот ќе има такво влијание на американскиот пазар.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар