13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманието
Денес речиси и да немаме време за долги серии. Поради ова мини сериите земаат сè поголем замав. Тие се одлични за опуштање по долгиот напорен ден, а за да ги изгледате доволно ви е само еден викенд. Во продолжение погледнете некои понови мини серии што навистина ќе ве заинтересираат.
1. „Крајот на е***иот свет“ (The End of the F***ing World)
Џејмс и Алиса имаат 17 години, но се веќе разочарани од животот. Таткото на Алиса ја напуштил, а мајката на Џејмс извршила самоубиство. Двата лика се среќаваат и одлучуваат да избегаат од нивниот град. Но целта на нивното патување не е баш обична или нормална. „Крајот на е***иот свет“ има сè што ѝ е потребно на една мини серија – солзи, крв и бунтување.
2. „Патрик Мелроуз“ (Patrick Melrose)
Патрик Мелроуз е аристократ со многу пари, психолошки нарушувања и проблеми. Во неговото детство бил малтретиран од татко му, но успеал да стане значајна личност во општеството. Приказната за мажот кој се справува со траумите со помош на алкохол и дрога, речиси сигурно ќе ви го привлече вниманието.
3. „Мозаик“ (Mosaic)
Оваа серија започнува со крајот – убиството на главниот лик, авторката на книги за деца по име Оливија. Ерик Нил е главниот осомничен, но нештата не се толку едноставни. Серијата продолжува со сеќавања од минатото кои ни покажуваат што навистина ѝ се случило на авторката. Овој необичен трилер ќе ве остави без здив до самиот крај.
4. „Пикник на Хенгинг Рок“ (Picnic at Hanging Rock)
Две девојки и нивните учителки исчезнуваат по пикник на мистериозното место Хенгинг Рок на Денот на вљубените. Ова е навистина морничава и убава серија, а во главниот лик ќе ја видите Натали Дормер.
5. „Внатрешната убавина“ (The Beauty Inside)
Алекс секое утро се буди како различна личност, а со ова „нарушување“ е навистина тешко да пронајдете љубов. Но кога луѓето ќе се вљубат, најважно е она што е внатре, а токму тоа се обидуваат да го прикажат креаторите. Оваа необична серија полна со љубов и романса ќе биде вистинска храна за вашиот ум.
6. „13 причини зошто“ (13 Reasons Why)
Клеј е обичен тинејџер кој е вљубен во Хана, девојка која извршила самоубиство. Тој открива 7 касети снимани од Хана во кои таа ги опишува 13-те причини зошто ставила крај на својот живот. „13 причини зошто“ ќе ве натера да обрнувате повеќе внимание на луѓето околу вас.
Продолжува на следната страница…