12 филмски премиери во 2019-та година што не сакате да ги пропуштите
Филмовите и ТВ сериите станаа најпопуларната активност за забава на модерниот човек. Некои филмови добија толкава популарност што фановите со нетрпение ги очекуваат нивните продолженија. Оваа година ќе можеме да изгледаме многу такви продолженија, но и голем број нови филмови. Погледнете ги филмските премиери што не смеете да ги испуштите годинава.
1. „Стакло“ (Glass) – 18-ти јануари
Овој филм е продолжение на детективскиот филм „Некршлив“ (Unbreakable) и трилерот „Разделување“ (Split). Главните ликови се терористот-инвалид познат како господин Стакло, суперхеројот Дејвид Дан и Кевин, маж со дисоцијативно нарушување на идентитетот. Тројцата ќе се обединат за да се соочат со нивните непријатели од минатото.
2. „Како да тренираш змеј: Скриениот свет“ (How to Train Your Dragon: The Hidden World) – 22-ри февруари
Конечно ќе го изгледаме долгоочекуваното продолжение на анимираниот филм што го сакаат многу деца и возрасни. Овој пат Хикап и Тутлес треба да се соочат со злобни ловци на змејови кои ќе уништат сè што луѓето сакаат доколку не ги добијат нивните змејови.
3. „Капетан Марвел“ (Captain Marvel) – 8-ми март
Бившиот пилот на воздушните сили на САД, Керол Денверс, добива супер моќи откако се соочува со вонземјани за време на еден лет. Сега таа треба да научи да ја контролира нејзината моќ со цел да го победи ужасниот и моќен негативец.
4. „Годзила: Крал на чудовиштата“ (Godzilla: King of the Monsters) – 31-ви март
Агенцијата Монарх се обидува да направи сè за да се справи со џиновските чудовишта и да не им дозволи да ја нападнат Земјата. Но кога чудовиштето Годзила ќе се појави, човештвото останува немоќно. Единствено може да се обидува да преживее.
5. „Дамбо“ (Dumbo) – 29-ти март
Холт Фериер, поранешна циркуска ѕвезда, треба да се грижи за новородено слонче. Но бидејќи неговите уши се преголеми, сите му се потсмеваат. Сепак, кога ќе откријат дека може да лета нештата се менуваат – сопственикот на циркусот сака да го направи Дамбо главна атракција, а еден бизнисмен сака да заработува со него.
6. „Заробена состојба“ (Captive State) – 29-ти март
Овој филм е сместен во едно предградие на Чикаго и ја раскажува приказната за локални жители кои се веќе 10 години окупирани од вонземјани. Луѓето се поделени во две групи – некои соработуваат со вонземјаните, а некои се бунтовници.
Продолжува на следната страница…
sakam