12 добри филмови кои можеби сте ги пропуштиле - Part 3

12 добри филмови кои можеби сте ги пропуштиле

7. Давачот (The Giver)

12 добри филмови кои можеби сте ги пропуштиле

„Давачот“ е уште еден пост-апокалиптичен филм кој го критикува денешното општество. Во главната улога се двајца тинејџери на кои општеството им одредило каква улога ќе играат во него, но тие почнуваат да се сомневаат во системот и бараат начин како да го сменат.

 

8. Виша сила (Force Majeure)

12 добри филмови кои можеби сте ги пропуштиле

Фантастичен филм во француско-шведска копродукција во чиј фокус е едно шведско семејство кое зимува на Француските Алпи. Веќе на вториот ден ќе се соочат во лавина во која таткото ќе побегне оставајќи го семејството само да се снаоѓа. Понатаму следува емотивна семејна драма, но и драма за храброста и за соочувањето со себе.

 

9. Очигледно дете (Obvious child)

12 добри филмови кои можеби сте ги пропуштиле

Комбинација од драма и комедија во која една стенд-ап комичарка непланирано останува бремена. Претходно таа се шегувала со својата реалност на девојка во своите дваесетти години, но новиот настан ќе ја натера да се соочи со предизвици кои ќе ѝ овозможат повторно да се открие себеси и да стане посилна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар