12 добри филмови кои можеби сте ги пропуштиле
4. Планетата на мајмуните: Револуција (Dawn of the planet of the apes)
Десет години после големата епидемија, само мајмуните и мала група на луѓе се преживеани. Живеат едни покрај други, но таквото опкружување ги плаши и едните и другите и затоа се на работ на голема војна.
5. Пат од сто стапки (The Hundred-Foot Journey)
Семејство од Индија ќе емигрира во Европа откако ќе биде жртва на насилство во својата земја. Таму ќе биде уништен нивниот семеен ресторан, а тие ќе се обидат да го рестартираат бизнисот во прекрасните рурални делови на Јужна Франција каде што имаат жестока конкуренција. Филмот е лесен за гледање и може да ви создаде желба за јадење.
6. Пробивач на снегот (Snowpiercer)
Филм чие дејство е сместено во пост-апокалиптичен период, правејќи го сличен со „Игри на гладните“ (The Hunger Games) и „Различна“ (Divergent). Овој пат дејството се случува во воз кој е во постојано движење, а бунтот против класната нееднаквост го спрема човек кој сонува целото постоечко богатство да го раздели еднакво меѓу сите.