12 анимирани филмови од Дизни кои никогаш нема да ги заборавиме

12 анимирани филмови од Дизни кои никогаш нема да ги заборавиме

И по 80 години, анимираните генијални дела на Волт Дизни се уште се едни од најгледаните во светот. Почнувајќи од 1937 година, па сè до денес снимени се околу 50 неверојатни филмови, секој на свој начин посебен и забавен. И покрај големиот избор на анимирани Дизни филмови, има неколку од детството на многу генерации кои едноставно не можат да се заборават. Кога случајно ќе налетаме на нив, без разлика на годините, се потсетуваме на времето кога сме ги гледале и веднаш се појавува насмевка на нашето лице.

12 анимирани филмови од Дизни кои никогаш нема да ги заборавиме

Снежана и седумте џуџиња – Snow White and the Seven Dwarfs (1937)

Снежана и седумте џуџиња е првиот анимиран долгометражен филм во историјата, првиот кој бил целосно во боја и првиот филм на продукцијата на Волт Дизни. Базиран е според германската бајка на браќата Грим. Незаборавни песни од овој филм е „Heigh Ho“, „Whistle while you work“ и „Some day my prince will come“.

Пинокио – Pinocchio (1940)

Пинокио е вториот анимиран филм на Дизни. Базиран е според „Авантурите на Пинокио“ од Карло Колоди. Најпознатите песни од Пинокио се „When you wish upon a star“, „Give a little whistle“ и „Hi-Diddle-Dee-Dee (An Actor’s Life for Me )“.

Пепелашка – Cinderella (1950)

Пепелашка е 12от Дизни филм и е базиран според бајката „Cendrillon“ од Чарлс Перолт. Песните кои се издвојуваат од овој филм се „Тhe Work Song“ и „Bibbidi-Bobbidi-Boo“.

Петар Пан – Peter Pan (1953)

Базиран според драмата Петар Пан, момчето кое никогаш нема да порасне од Џ. М. Бери е 14от анимиран филм на Дизни. Петар Пан бил дел и од Филмскиот Фестивал на Кан во 1953 година. Најпознатите песни од филмот се „A Pirate’s Life“, „Following the Leader“ и „You can fly“.

Сто и еден далматинец – One hundred and one dalmatians (1961)

Овој анимиран филм е базиран според новелата на Дуди Смит. Сто и еден далматинец е 17от на листата на Дизни. Песната која посебно се издвојува во овој филм е „Cruella De Vil“.

Мечот во каменот – The sword in the stone (1963)

Овој анимиран фантазија-комедија филм е 18от на листата од Дизни. Базиран е според книгата „The sword in the stone“ на Т. Х. Вајт. Незаборавни песни од овој филм се „Higitus Figitus“, „That’s What Makes the World Go Round“ и „Mad Madame Mim“.

Книгата на џунглата – The jungle book (1967)

Овој анимиран филм е 19от по ред на Дизни. Инспириран е од приказните за дивото дете Могли од  Рудјард Киплинг. Песни кои се издвојуваат во овој филм се „The Bare Necessities“ и „I wanna be like you“.

Малата сирена – The little mermaid (1989)

Дизни за време на 70те и 80те има неколку анимирани филмови кои добиле строги критики и со појавата на Малата сирена тие повторно се вратиле на добар пат. Овој анимиран филм е базиран според бајката со исто име и го одбележал почетокот на нова ера, наречена Дизни Ренесанса. „Under the Sea“ и „Kiss the Girl“ се песни од овој филм кои нема никогаш да бидат заборавени.

Убавицата и ѕверот – Beauty and the Beast (1991)

Базиран според бајката „La Belle et la Bête“ од Жон-Мари, ова е 30от анимиран филм на Дизни. Песните кои долго ќе се паметат од овој филм се „Be our guest“, „Something there“ и „Beauty and the Beast“.

Аладин – Aladdin (1992)

Аладин е 31от анимиран филм на Дизни. Базиран е според Арапската фолк-приказна „Аладин и магичната ламба“ од 1001 Ноќ. Незаборавни песни од Аладин се „A friend like me“, „Prince Ali“ и „A whole new world“.

Кралот лав – The Lion King (1994)

Кралот лав е анимиран музички-авантуристички филм кој се наоѓа на 32то место на листата од Дизни. Дејството се одвива во Африка и била инспирирана од библиските приказни за Јосиф и Мојсеј, како и од Хамлет на Шекспир. Овој филм е еден од најуспешните на Дизни. Најпознатите песни се „Hakuna Matata“, „Circle of Life“, „I can’t wait to be king“ и „Can you feel the love tonight“.

Покахонтас – Pocahontas (1995)

Покахонтас е 33от по ред анимиран филм на Дизни. Овој анимиран филм е првиот кој е базиран според реален историски лик. „Colors of the wind“ е песната по која ќе се памети овој анимиран филм.


 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Aна Reply

    Покахонтас е најдобриот цртан филм од Дизни 🙂

  2. водолија Reply

    сите цртани ги знам на памет и во сон да ме прашаат ќе им ги раскажам, прекрасно детство си имавме сите ние на кои овие цртани им беа дел од растењето.

  3. Цаци Reply

    Исто вреди да се напомене и Fantasia, еден од поомилените ми од Дизни

  4. Natalija Reply

    Sive animirani filmovi gi znam i sum gi gledala po sto pati

Остави коментар