12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги - Part 2

12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

7. Доктор Роберт Невил од „Јас сум легенда“ (I Am Legend)

12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

„Јас сум легенда“ требало да излезе на средината од 1990-тите. Главни кандидати биле Том Круз, Мајкл Даглас и Мел Гибсон. Но, Арнолд Шварценегер ја добил улогата. Според сценариото, станувало збор за многу мрачен филм со речиси никаков дијалог во текот на првиот час. Ваквата идеја делувала невозможна и здодевна, па затоа филмот бил откажан. Во 2002 година, проектот оживеал, но со Вил Смит како главниот херој.

8. Едвард Луис од „Убава жена“ (Pretty Woman)

12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

Кога ќе се спомене овој филм, не можеме да си замислиме друг актер во улогата на Едвард освен Ричард Гир. Но, тоа можело да биде Ал Пачино. Џулија Робертс и Ал Пачино дури и вежбале заедно, но актерот сфатил дека не е заинтересиран за филмот. Кристофер Рив, Даниел Деј Луис и Дензел Вашингтон исто така биле земени предвид за оваа улога, но Џулија Робертс го убедила Гир да ја прифати понудата.

9. Вивиен од „Убава жена“ (Pretty Woman)

12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

Главниот женски лик во филмот исто така требало да биде различен. Дизни не сакале Џулија Робертс да ја игра оваа улога, па затоа компанијата поканила други познати актерки. Дајан Лејн за малку ќе влезела во филмот, но се испокарала со филмската екипа и одбила да глуми. На другата кандидатка, Мишел Фајфер, не ѝ се допаѓало сценариото. На крајот, 21-годишната Џулија Робертс ја добила оваа значајна улога.

10. Џек Спероу од „Пиратите од Карибите: Проклетството на црниот бисер“ (Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl)

12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

Можете ли да си замислите друг актер во овој филм? Веројатно ќе одговорите одречно. Но, дали сте знаеле дека ликот Џек Спероу бил напишан за Хју Џекмен? Режисерите се премислиле само затоа што тој не бил доволно познат надвор од Австралија. Улогата им била понудена на Џим Кери и Метју МекКонахи, кои имале многу заеднички работи со Барт Ланкастер. Но, МекКонахи ја одбил понудата.

11. Мајкл Корлеоне од „Кум“ (The Godfather)

12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

„Парамаунт“ сакале некои познати актери, како Ворен Бити и Роберт Редфорд, да глумат во овој филм, но сите тие одбиле. Дастин Хофман, кој веќе бил познат глумец, исто така не сакал да биде мафијаш. Но, Френсис Копола сметал дека Ал Пачино е извонреден, па затоа решил да му даде шанса и покрај тоа што не бил познат. Филмското студио било против, но договорот бил потпишан 3 недели пред снимањето.

12. Кристијан Греј од „50 нијанси сиво“ (Fifty Shades of Grey)

12 актери кои не биле првиот избор за некои легендарни улоги

Улогата во ваков популарен проект би требало да делува мошне привлечно, но ликот на Кристијан Греј прераснал во вистински предизвик за многу актери. Роберт Патинсон и Рајан Гослинг биле главните кандидати. Режисерот го одбил Патинсон, бидејќи сметал дека нема да биде добро прифатен како Кристијан по неговата улога во „Самрак“ (Twilight). Гослинг не бил заинтересиран. Како резултат на тоа, Џејми Дорнан ја добил улогата.

Во продолжение, погледнете ги овие холивудски актерки кои ја жртвувале нивната убавина за незаборавни филмски улоги.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар