10-те визуелно најзашеметувачки филмови во последниве неколку години
6. Животот на Пи (Life of Pi) – 2012
Целото искуство во овој филм е визуелно чудо и е една од најуникатните креации. Тигарот бил комплетно компјутерски донесен. Ан Ли многу добро се снаоѓал со овој предизвик и ги преземал најголемиот дел од предностите од тоа да го направи компјутерски овој филм. Што се однесува до камерата, таа пловела над брановите на океанот и се губела во него. Овој филм е вистински подарок за фотографијата и компјутерската анимација и е нешто што не треба да го пропуштите.
7. Само Бог опростува (Only God Forgives) – 2013
Режисерот зад овој филм изгледа како да им дал предност на атмосферата и стилот над случувањата, а тоа го прави овој филм еден од оние за кои имаме тотална поделба на мислењата кај публиката. Најчуден аспект е што имаме чувство како некој постојано да фотографира во секоја сцена. Извонредниот спој се добива и преку совршеното осветлувањето и позициите на актерите.
8. Стокер (Stoker) – 2013
На јужно корејскиот режисер Парк Чан-Ву, ова е првиот филм кој го работел на англиски јазик. Преку него покажува различен пример за тоа дека изработувачите на филмови сакаат мрачни наративи и мистериозни карактери претставувајќи ги колку што е можно почисто и постилизирано. Што се однесува до светлото, тоа го поставувале во еден ред за да се одржи светлина во тотално темните делови. Контрастите во сцените ги контролирале со тоа што одбирале само природни бои, а подоцна тоа им помогнало и компјутерското уредување. Со креирањето вознемирувачка животна средина, приказната станува она што го гледаме дури и покрај силните показатели на симболизмот и влијанието на Хичкок.
9. Пина (Pina) – 2011
Овој ексцентричен филм можеби најмногу се разликува од другите во оваа листа. Во презентацијата на танци и моќта на настапот треба да се прикаже театарска кинематографија. Експериментирајќи со 3Д кинематографијата уште повеќе ја нагласува прецизната работа на режисерот Вим Вендерс, во смисла на искористениот простор во длабочина. Затоа овој филм е еден од најдобрите кога станува збор за употребата на 3Д технологија. Филмот во целост е едно ново искуство кое се потпира само на визуелизација и би било голема штета да го пропуштите.
10. Само љубовниците останале живи (Only Lovers Left Alive) – 2013
Овој филм не личи на ниту еден друг филм со вампири. Филмот е визуелно направен за да измамува воздишки. Тој се потпира на бизарното со тоа што е готска романса и францускиот режисер додал естетска кохезија на целото дело вклучувајќи ја и костимографијата и камерата. Со додавањето на музиката тој е уште повеќе визуелно примамлив.