10-те визуелно најзашеметувачки филмови во последниве неколку години
Најчесто кога некој ќе ни спомне визуелно најдобри филмови веднаш си помислуваме дека се ослободени од некаква содржина и дека се концентрираат само на сликата. Но, и покрај тоа што овие 10 филма се извонредно визуелно изработени, тоа не значи дека немаат важна порака која треба да ви ја пренесат.
1. Таа (Her) – 2013
Шемата на боите е најинтересната карактеристика што режисерот ја вметнал во овој филм. Сцените се во блиска иднина и имаат погоден однос со технологијата. Сината боја е очигледен избор. Со тоа сакал да постигне топол амбиент во одредени сцени и за да додаде боја користел минимално осветлување со ЛЕД диоди.
2. Меланхолија (Melancholia) – 2011
Оригинална инспирација на режисерот зад овој филм била неговата лична приказна за депресијата, како менталното заболување што може многу лесно да се прикрие со смирениот изглед на личноста среде хаосот. По „Анархист“ и „Нимфоманијак“ ова е филм со кој неофицијално ја именува оваа група како „Трилогија на депресијата“. Таа се потпира исклучиво на звуците и музиката со користење на нацистичко германската естетика како метафора.
3. Дрвото на животот (The Tree of Life) – 2011
Режисерот зад овој филм користел многу малку дополнителна светлина покрај природната. Дури споменал дека доколку биле во куќата и светлото не било добро, тогаш сценаристот ќе мора да ја преработи сцената така што би се одвивала надвор или пак работеле друг ден кога било посончево. Исто така им помогнало тоа што поставиле прозори на специфични места и добиле повеќе извори на светлина.
4. Гравитација (Gravity) – 2013
Наместо со вообичаениот филмски шок, овој пат кинематографот Емануел Лубески го решил овој филм со дигитализацијата. Речиси сè во овој филм е лажно и сè она што е компјутерски направено е импресивно. За време на снимањето камерата не престанувала да се движи, лебдела околу актерите и со тоа ни дава претстава како навистина да недостасува гравитација.
5. Гранд хотел Будимпешта (The Grand Budapest Hotel) – 2014
Интересните обележја се провлекуваат во повеќе сцени на филмот, како што се природното светло колку што е можно повеќе или ламбите. Тоа што користеле само една камера им дава значење на долгите движења и она што секако не може да се изостави е неверојатната палета на бои.