10-те најдобри филмови што ги очекуваме оваа есен
Летото е при крај, а со него ќе се збогуваме и со филмовите со суперхерои. Оваа есен е одличен период за драми и филмови кои сигурно ќе се закитат со некоја награда. Па, погледнете кои се најочекуваните филмови за оваа есен.
1. „Едноставна услуга“ (A Simple Favor), 14-ти септември
Фановите на „Ејми ја нема“ (Gone Girl) ќе уживаат во мрежата од интриги во овој филм. Во главната улога ја гледаме Ана Кендрик која е блогерка чија најдобра пријателка (Блејк Лајвли) исчезнува. Нејзиното исчезнување предизвикува низа пресврти и предавства, па можеби нѐ очекува еден од најдобрите трилери за годинава.
2. Колет (Colette), 21-ви септември
Овој филм е направен според вистинската приказна на авторката и добитничка на Нобелова награда, Сидони Габриел Колет. Во главната улога ќе ја гледаме Кира Најтли. Ова е приказна за животниот пат на писателката која мора да се бори за нејзината видливост бидејќи сите нејзини дела му се припишуваат на нејзиниот сопруг.
3. „Се роди ѕвезда“ (A Star Is Born), 5-ти октомври
Во овој филм ќе ја гледаме Лејди Гага во улога на талентирана пејачка чие прославување се совпаѓа со падот на нејзиниот љубовник и ментор кој ќе го игра Бредли Купер. Купер е режисер на овој филм, кој е инаку трета преработка на оригиналот од 1937-ма година. Лејди Гага ќе се обиде да ги повтори улогите на неверојатните Барбара Стрејсенд и Џуди Гарланд.
4. „Лоши времиња во Ел Ројал“ (Bad Times at the El Royale), 5-ти октомври
Овој психоделичен криминалистички трилер спојува седум странци во модел во 60-тите. Парите, оружјата, бурите и прекрасниот Крис Хемсворт се заштитен знак на овој филм. Со актери како Дакота Џонсон, Џеф Бриџис и Џон Хам, овој филм ветува многу.
5. „Убаво момче“ (Beautiful Boy), 12-ти октомври
Стив Карел и Тимоти Каламет им се придружуваат на Ејми Рајан и Мора Тиерни за да ја раскажат срцепарателната приказна за борбата на еден татко против зависноста на неговиот син. Филмот е направен според два мемоари, еден на таткото и еден на синот.
Продолжува на следната страница…