10 прекрасни филмови на кои плачат и мажите

10 прекрасни филмови на кои плачат и мажите

Луѓето велат дека мажите не плачат. Да, жените можеби се почувствителни но тоа не значи дека другата половина од човештвото нема чувства. Дури и мажите може да пуштат по некоја солза додека гледаат некој филм. Погледнете некои од најдобрите филмови на кои и мажите може да заплачат.

1. Хачико: Кучешка приказна (Hachi: A Dog’s Tale)

(1)10-filmovi-na-koi-plachat-i-mazhite-kafepauza.mk

Професор по музичко по пат накај дома наоѓа мало кученце. Тој го носи дома, но не може ни да замисли дека нивното пријателство ќе трае со години и ќе стане пример за искрената љубов на кучињата кон човекот. Оваа приказна, базирана на вистински настан може да ги расплаче и најцврстите мажи.

2. Тропање на рајската порта (Knockin’ on Heaven’s Door)

(2)10-filmovi-na-koi-plachat-i-mazhite-kafepauza.mk

Двајца пациенти кои се наоѓаат во иста болничка соба имаат лоша дијагноза: нема да живеат уште долго. Тие решаваат дека не сакаат да ги поминат преостанатите денови во тага, па затоа бегаат од болницата, крадат автомобил и одат на патување кон морето. По патот се наоѓаат во интересни, а понекогаш и опасни ситуации. Одличен филм за животот, смртта, соништата и вечноста.

3. Зелената милја (The Green Mile)

(3)10-filmovi-na-koi-plachat-i-mazhite-kafepauza.mk

Еден црнец добива смртна казна за убиството на две девојчиња. Затвореникот се истакнува не само со неговиот изглед, туку и со неговиот магичен дар да лекува. Низ разговор, еден од чуварите почнува да се сомнева во вината на овој прекрасен човек. Длабок, филозофски, на моменти и тежок, овој филм е една од најдобрите адаптации на книгите на Стивен Кинг.

4. Моето име е Кан (My Name Is Khan)

(4)10-filmovi-na-koi-plachat-i-mazhite-kafepauza.mk

Индиските филмови обично се полни со песни и танцување, но не и овој. Овој филм ја раскажува приказната на Ризван Кан кој страда од Аспергеров синдром. Тој оди на патување низ Америка со цел да се врати кај својата љубена. Неговата жена го напуштила после нападот на 11 септември 2001, кога односот кон Муслиманите целосно се променил. За време на неговото патување тој ги освојува срцата на луѓето со неговата добрина и искреност.

5. Шиндлеровата листа (Schindler’s List)

(5)10-filmovi-na-koi-plachat-i-mazhite-kafepauza.mk

Станува збор за добро познатата приказна за Оскар Шиндлер, успешен бизнисмен и член на нацистичката партија, кој ги спасил животите на илјадници Евреи за време на Втората светска војна. Филмот е оддавање почит на неговите херојски дела и е ремек-дело кое навистина ќе ве потресе.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар