10 одлични филмови од женски режисери што вредат да се изгледаат

10 одлични филмови од женски режисери што вредат да се изгледаат

Женската перспектива е важна, но со филмски екипи во кои доминираат мажите, Холивуд како да не се согласува со тоа. Најдобриот начин да се среди ова е да се поддржуваат женските режисери. Во продолжение погледнете неколку предлози од писателката, актерка и активистка Наоми Мекдагал Џоунс за филмови што не смеете да ги пропуштите.

1. „Синот на Исус“ (Jesus’ Son)

10 одлични филмови од женски режисери што вредат да се изгледаат

Режисер: Алисон Меклин

Сместен во раните 1970-ти години, овој филм е серија од поврзани, но дискретни приказни кои го прикажуваат патувањето до пеколот и назад на еден млад човек. Овој филм нуди неверојатен поглед кон умот и срцето на еден маж. Иако е приказна за маж, филмот изгледа како женски одговор на сите класични филмови од 70-тите режирани од мажи.

2. „Патека од тули“ (Brick Lane)

10 одлични филмови од женски режисери што вредат да се изгледаат

Режисер: Сара Гаврон

Млада жена од Бангладеш пристигнува во Лондон во 1980-тите години. Бидејќи е заробена во нејзиниот стан и во брак без љубов, таа се плаши дека нејзината душа умира. Во меѓувреме, нејзината сестра живее живот без грижи во Бангладеш. Режисерката на одличен начин ја раскажува интимната приказна на жена која се обидува да пронајде среќа во нејзиното ограничено опкружување.

3. „Играј валцер со мене“ (Take This Waltz)

10 одлични филмови од женски режисери што вредат да се изгледаат

Режисер: Сара Поли

Една жена во среќен брак запознава уметник и привлечноста што ја чувствуваат еден кон друг е незанемарлива. Можеби ова е најдобриот филм на режисерката. Мишел Вилијамс и Сет Роген одлично ги глумат своите улоги и го изведуваат можеби најискреното претставување на модерниот брак. Во филмот гледаме жена која делува поради нејзината страст – нешто што мажите постојано го прават во филмовите.

4. „Електрични деца“ (Electrick Children)

10 одлични филмови од женски режисери што вредат да се изгледаат

Режисер: Ребека Томас

Рејчел е тинејџерка која е родена и порасната во мормонска заедница. Таа верува дека забременила слушајќи музика и мора да отиде во Лас Вегас за да го пронајде „таткото“ на нејзиното дете. Ова е навистина чуден и интересен филм кој прикажува што се случува кај слепото религиско верување и учењето за апстиненција. Навистина необична приказна за девојка со која секое девојче и жена (и многу мажи и момчиња) може да се поврзат.

5. „Беше како љубов“ (It felt like love)

10 одлични филмови од женски режисери што вредат да се изгледаат

Режисер: Елајза Хитман

Во предградието на Бруклин, сексуалното истражување на една 14-годишна девојка тргнува во опасна насока кога почнува да „брка“ постар маж и да ги тестира границите помеѓу опсесијата и љубовта. Елајза го истражува влијанието на културата која ги претставува младите девојки како секс предмети, но правејќи го ова низ очите на млада девојка. Истовремено, филмот ќе ве натера да се запрашате колку од нејзините постапки се навистина нејзини.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар