10 изненадувачки неточни филмови направени според вистински приказни

10 изненадувачки неточни филмови направени според вистински приказни

Кога гледаме филм направен според вистинска приказна, често очекуваме приказната да биде точна. Но, ќе се изненадите кога ќе дознаете колку работи се менуваат во филмовите. Неколку Интернет корисници ги споделиле најнеточните филмови направени според вистински настани.

1. Покахонтас (Pocahontas)

10 изненадувачки неточни филмови направени според вистински приказни

Филм

Англичанец што го истражува Новиот свет се вљубува во млада Индијанка по име Покахонтас. Филмот ја следи нивната романса и нивните обиди да ги помират англиските колонисти и племето на Покахонтас.

Вистинска приказна

За почеток, вистинското име на девојката не било Покахонтас туку Амонуте, или Матоака за поблиските членови на семејството. Романсата помеѓу неа и Џон Смит најверојатно не се случила бидејќи Покахонтас имала 10 или 11 години во 1607-ма година. Филмот ја заснова својата приказна на она што се верува дека е лага раскажана од Џон Смит.

2. Арго (Argo)

10 изненадувачки неточни филмови направени според вистински приказни

Филм

Агентот од ЦИА, Тони Мендез, спасува 6 Американци од Иран за време на кризата со заложници на САД во 1979-та година. Со цел да излезат од државата тие се преправаат дека се дел од филмска екипа.

Вистинска приказна

Иако во филмот не е добро прикажана вклученоста на Канада, во реалноста таа имала голема улога во мисијата за спасување. Американците биле сместени во домот на канадскиот амбасадор Кен Тејлор и канадскиот дипломат Џон Ширдаун. За разлика од филмот, Канаѓаните не биле само „чувари“ на Американците, туку набавиле копии од визи, ги учеле како да звучат како Канаѓани, а сопругата на Тејлор лично купила авионски билети за нив. Сцената на аеродромот каде што се откриваат идентитетите на Американците е целосно измислена. Според вистинскиот Мендез, патувањето се одвивало без никакви проблеми.

3. Фарго (Fargo)

10 изненадувачки неточни филмови направени според вистински приказни

Филм

Финансиски очаен продавач на автомобили, Џери Лундегард, најмува двајца криминалци да ја киднапираат неговата сопруга со цел да земат пари од нејзиниот богат татко. Работите не одат по план кога криминалците застрелуваат војник пред двајца очевидци, а ова резултира со започнување истрага.

Вистинска приказна

На почетокот на филмот е истакнато дека киднапирањето, убиствата и инцидентот со пилата се случиле во Минесота во 1987-ма година. Но откако приказната била неправилно поврзана со злодела на Т. Јуџин Томпсон, во 2015-та година режисерот изјавил дека целата приказна е измислена. Сепак, настаните во филмот биле поврзани со 2 вистински настани – вработен од General Motors кој направил прекршок со сериски броеви и Хеле Крафтс која била убиена и исечена со пила.

4. 300

10 изненадувачки неточни филмови направени според вистински приказни

Филм

Кралот Леонид води војска од 300 Спартанци во битка против 300.000 Персијци.

Вистинска приказната

Иако во вистинската битка навистина имало 300 Спартанци, во филмот не се спомнати 7.000-те војници од Грција кои биле во сојуз со Спарта. Кралот Леонид дава историски неточна изјава кога ги нарекува Грците „љубители на момчиња“. Друга грешка е недостатокот од оклоп кај војниците од Спарта, слоновите и носорозите на Персијците и прикажувањето на кралот Керкс како ќелав џин покриен со накит.

5. Анастасија (Anastasia)

10 изненадувачки неточни филмови направени според вистински приказни

Филм

Двајца измамници веруваат дека едно сираче по име Ања премногу личи на последното преживеано дете од кралското семејство Романов. Тие одат да ја бараат кралицата која треба да им даде награда за Ања, додека Распутин, опасниот волшебник, се обидува да ги сопре.

Вистинска приказна

Во 1917-та година Анастасија, ќерката на рускиот цар Никола II, и нејзиното семејство биле ставени во домашен притвор за време на Февруарската револуција. По една година затвор, Анастасија и нејзиното семејство биле убиени од болшевиците. Бидејќи нивните тела биле закопани во неозначени гробови кои не биле откриени неколку години, почнале да се појавуваат шпекулации дека Анастасија и нејзиниот брат Алекси преживеале. Сепак, мистеријата завршила кога ДНК тестирање потврдило дека и тие биле во гробовите. Исто така, Распутин не бил толку директно одговорен за судбината на Романови. Тој бил близок со семејството и подоцна бил убиен од Феликс Јусупов.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар