10 изненадувачки добри филмови од 2017-та година

10 изненадувачки добри филмови од 2017-та година

Како и секоја година, и 2017-та понуди неколку филмски разочарувања. Но, покрај популарните филмови кои секој од нас со нетрпение ги чекаше, оваа година се појавија и многу филмови чиј успех е навистина изненадувачки. Погледнете некои од нив.

1. Пред да паднам (Before I Fall)

(1)10-iznenaduvachki-dobri-filmovi-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Овој филм изгледа како адаптација на Денот на мрмотот (Groundhog Day) за млади. Повеќето луѓе сметаат дека филмовите за млади не можат да бидат добри, но сепак има исклучоци. Иако овој филм не е добар колку останатите на оваа листа, сепак приказната за временската јамка ќе ви изгледа интересно. Исто така, филмот има доста мистериозни елементи кои успешно се склопени во малку време. Можеби ова не е најдобриот филм годинава, но ќе ви биде интересен од почеток до крај.

2. Капетан Гаќи: Првиот епски филм (Captain Underpants: The First Epic Movie)

(2)10-iznenaduvachki-dobri-filmovi-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Луѓето не очекуваа многу од филм со џиновска тоалетна шолја робот. Иако филмот е детинест, хуморот е доволно паметен за да ги заинтересира и возрасните. Очекувано, има и шеги за тоалет и слично, но сето тоа е урамнотежено со паметниот хумор. Иако филмот е далеку од емоционалната зрелост на филмовите на Pixar или Studio Ghilbi, сепак е многу забавен. Добар начин да поминете час и половина кога не знаете што да правите.

3. Меган Ливеј (Megan Leavey)

(3)10-iznenaduvachki-dobri-filmovi-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Воениот филм за жена и нејзиното куче секако ќе биде сладок, но и срцекршачки. Филмовите од овој вид многу често се некоја мелодрама, па тешко е да се надевате на некаков успех. Сепак, овој филм е далеку од тоа. Претставува многу добро раскажана приказна за посебната врска помеѓу еден војник и нејзиното куче. Можеби не заслужува Оскар, но доколку уживате во воените филмови, ова е одличен избор за вас.

4. Разделување (Split)

(4)10-iznenaduvachki-dobri-filmovi-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Ова е приказна за човек кој има синдром на повеќекратна личност. Можеби за големиот успех најзаслужен е Џејмс Макавој кој го глуми главниот лик. Тој успешно ги доловува сите личности на главниот лик и тоа на начин кој ретко кој актер може да го направи. Тој ќе ве вознемири, ќе ве насмее и ќе ве натера да посакате уште. Самиот крај дава надеж за барем уште еден филм, па голема е веројатноста да дочекаме и втор дел. За жал, досега филмот е во сенка поради некои од хорор филмовите со познати наслови, но ако одлучите да го гледате ќе ве остави возбудени од почеток до крај.

5. Измама (Sleight)

(5)10-iznenaduvachki-dobri-filmovi-od-2017-ta-godina-kafepauza.mk

Иако е од непознат режисер и со малку чудна приказна, крајниот резултат е одлична драма со многу талентирани актери. Сепак, филмот си има и свои недостатоци. Бавното одвивање на настаните може да ве натера да престанете да го гледате, особено ако сте очекувале нешто што е прикажано во трејлерот. Трејлерите го претставија филмот како трилер со многу акција, но во реалноста повеќе наликува на семејна драма. Нискиот буџет и недоволното рекламирање секако влијаат на успехот на филмот, но тоа не значи дека не заслужува внимание. Иако е направен од аматер, се гледа дека е дело на аматер кој навистина си ја сака работата.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар