10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детството

10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детството

Филмовите од 80-тите биле или неверојатни, или многу лоши, во зависност од тоа кого ќе прашате. Но на почетокот на векот, 80-тите повторно станаа популарни. Без разлика што мислите за овој период, не можете да одречете дека некои од најдобрите филмови се направени токму тогаш. Во продолжение погледнете ги филмовите од оваа деценија што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детството.

1. „Враќање во иднината“ (Back to the Future)

10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детството

Можеби овој филм нема да ви го промени животот, но сигурно се сеќавате на него. Ликот на Марти Мекфлај ќе ви даде самодоверба, а самата идеја за патувањето низ времето е навистина примамлива. Прашањата и проблемите со кои се соочува Марти во текот на патувањето ќе ве натераат да размислите за вашите избори.

2. „Војна на ѕвездите: Империјата го возвраќа ударот“ (Star Wars: The Empire Strikes Back)

10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детството

Филмот што го знаат сите е приказната за младото момче кое се соочува со неговото минато и станува маж. Покрај неверојатните вселенски битки, мудроста на Џедаите и планетите на вонземјаните, ова е приказна за растењето и соочувањето со предизвици кои сигурно ви се познати – семејството и личноста којашто ќе станете.

3. „Направи го правилното нешто“ (Dо the Right Thing)

10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детството

Oва е приказна за ѕид во една пицерија. Кога ќе настане конфликт помеѓу сопственикот на пицеријата Сал и редовниот посетител поради тоа зошто на Ѕидот на славата на пицеријата има само Италијанци, се создава вистинска напнатост низ целото соседство. Сите почнуваат да го гледаат ѕидот како симбол на расизмот.

4. „Утрински клуб“ (The Breakfast Club)

10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детството

Ова е еден филм кој изгледа како да не е ништо повеќе од забавна комедија. Но набрзо се менува и станува приказна за несигурноста и наоѓањето заеднички нешта со луѓето кои навидум се сосема различни од вас.

5. „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“ (Raiders of the Lost Ark)

10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детството

Серијалот Индијана Џонс речиси сигурно ќе ве врати во детството. Ако сакате да истражувате и да патувате, потрагата по најмистериозниот предмет на Земјата ќе го разбуди авантуристот во вас.

6. „Таа мора да го има“ (She’s Gotta Have It)

10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детството

Овој филм е приказна за Нола Дарлинг која има сериозни проблеми со љубовта. Не може да одлучи каков маж сака, па одлучува да се состанува со тројца во исто време. Она што е интересно за филмот е отворената дискусија за врските и сè што доаѓа со нив. Целта е да се раскаже приказна за жена која не знае кон каде да се движи, и тоа на навистина искрен начин.

7. „Карате кид“ (The Karate Kid)

10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детството

Овој филм е често опишуван како верзија на „Роки“ (Rocky) со боречки вештини. Во истиот дух, и овој филм ќе ве инспирира и ќе ве натера да скокате и да удирате во нешто, или барем да бидете попродуктивни. Покрај тоа, филмот изнесува некои важни лекции за тоа како да се справите со малтретирањето и ја истакнува моќта и важноста на смирениот и фокусираниот ум.

8. „Бескрајна приказна“ (The Never Ending Story)

10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детството

Ова е приказна за момче кое влегува во светот на фантазијата со помош на една мистериозна книга. Приказните се важни бидејќи не само што можат да нè научат на многу, туку имаат уникатна способност да нè однесат во некоја друга реалност. Овој филм ќе го направи токму тоа.

9. „Слободниот ден на Ферис Буелер“ (Ferris Bueller’s Day Off)

10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детството

Тешко е да се замисли листа со филмови од 80-тите без овој наслов. Веројатно поминало долго време откако последен пат сте го изгледале, но сигурно се сеќавате на кршењето на 4-тиот ѕид, скокањето и епскиот подвиг на Ферис и неговите пријатели. Во овој филм ќе научите дека животот е краток и дека треба да го извлечете најдоброто од времето што ви е дадено.

10. „Вонземјанин“ (E.T. the Extra-Terrestrial)

10 филмови од 80-тите што ќе ве инспирираат и ќе ве вратат во детството

Класиката на Спилберг е за две момчиња кои стануваат пријатели со чуден вонземјанин. Нивната цел е да им избегаат на властите. Не треба да нè чуди зошто ова е најпрепознатливиот филм на сите времиња. Приказната е одлично раскажана и ја покажува моќта на пријателството и неговата способност да ги надмине сите граници.

Погледнете и кои се највисоко рангираните филмови на IMDb.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар