10 филмови што треба да ги изгледате пред да наполните 30 години

10 филмови што треба да ги изгледате пред да наполните 30 години

Кој не сака да гледа филмови? Но со огромниот избор кој го имаме денес, понекогаш е навистина тешко да се одлучиме што да гледаме. Во продолжение погледнете некои од најдобрите филмови кои вреди да ги изгледате пред големата 30-ка бидејќи содржат навистина важни животни лекции.

1. Утринскиот клуб (The Breakfast Club)

(1)10-filmovi-koi-treba-da-gi-izgledate-pred-da-napolnite-30-kafepauza.mk

Овој филм е вистинска класика. Дури и ако средношколските денови се одамна зад вас, гневот и проблемите прикажани во филмот сепак ќе допрат до вас. Овој филм ќе ве потсети дека секој има проблеми, без разлика колку совршен изгледа нивниот живот. Некои од најдобрите работи кои ќе ги научите од овој филм се дека треба да поминувате помалку време обидувајќи се да ги импресионирате другите и дека завртките постојано се одвртуваат, бидејќи светот е несовршено место!

2. Кога јагнињата ќе стивнат (The Silence of the Lambs)

(2)10-filmovi-koi-treba-da-gi-izgledate-pred-da-napolnite-30-kafepauza.mk

Веројатно нема човек кој не слушнал за филмот што го прикажува ужасниот Ханибал Лектор. Овој филм ќе ги научи жените дека и тие се способни, паметни и силни како мажите. Ако агентот Старлинг може, можете и вие. Исто така ќе научите дека не треба да верувате во сè, дека луѓето се чудни и застрашувачки и дека довербата не е нешто што треба да го понудите секому.

3. Вечниот сјај на беспрекорниот ум (Eternal Sunshine of the Spotless Mind)

(4)10-filmovi-koi-treba-da-gi-izgledate-pred-da-napolnite-30-kafepauza.mk

Овој филм можел да биде уште една обична љубовна приказна, но е раскажана на многу оригинален начин. Ова е едно од најубавите прикажувања на човечката љубов, и филмот е доказ дека не можете да изберете во кого ќе се вљубите.

4. Гуниси (The Goonies)

Ова е филм кој ќе ве натера да посакате да сте заедно со јунаците и да им помогнете во нивната авантура. Во филмот има сè што можете да посакате – пирати, авантури, лоши момци, стапици… Секогаш следете ја вашата „мапа со скриено богатство“, бидејќи можеби златото навистина ве чека!

5. Хари Потер (Harry Potter)

(3)10-filmovi-koi-treba-da-gi-izgledate-pred-da-napolnite-30-kafepauza.mk

Станува збор за омилениот филмски серијал на речиси секого. Хари Потер ќе ве научи дека секој може да ги надмине пречките во животот и на крајот да стане посилен. Хермиона ќе ве научи дека знаењето навистина ви дава моќ, а лудата Луна ќе ве научи дека е во ред понекогаш да бидете чудни и различни.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар