10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста

10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста

Многу денешни цртани се подобри дури и од филмовите од некои аспекти. Нивните пејзажи и ликови кои се нацртани рачно или со помош на компјутерска графика, го задржуваат вниманието на гледачите уште од самиот почеток и оставаат белег во сеќавањето кој продолжува да трае долго по завршувањето на анимираниот филм. Следниве 10 фантастични цртани ќе ве нурнат во светот на магијата и ќе ве натераат да заборавите на сите проблеми и потешкотии…

1. „Кубо и двете жици“ (Kubo and the Two Strings)

10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста

Кубо е младо момче од прекрасна фамилија. Еден ден тој случајно повикува дух од неговото минато кој е жеден за одмазда. Само двајца негови пријатели се тука за да му помогнат. Кубо ќе може да преживее само ако го најде магичниот оклоп што некогаш го носел татко му, легендарен самурај. Благодарение на трогателната приказна и длабока филозофија, овој јапонски цртан филм засекогаш ќе остане во вашето сеќавање.

2. „Моана“ (Moana)

10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста

Моана е ќерка на поглаварот на едно мало островско племе и таа еден ден тргнува на епско патување околу Пацификот. Заедно со моќниот полубог Мауи, таа ќе мора да го премине отворениот океан, да се бори со страшните чудовишта и да ја поништи древната клетва. Оваа прекрасна приказна со длабоко значење несомнено ќе ве однесе на далечно и незаборавно патување.

3. „Малиот принц“ (The Little Prince)

10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста

Малечко девојче живее во светот на возрасните со нејзината претерано грижлива мајка. Секој дел од нејзиниот живот е строго организиран и таа нема време да стекне пријатели. Меѓутоа, сѐ се менува кога ќе го сретне Авијатичарот, добродушен стар човек и кога ќе ги слушне приказните за Малиот принц и далечните ѕвезди. Оваа волшебна приказна ќе ви отвори нови погледи кон светот.

4. „Мун: Чувар на месечината“ (Mune: Guardian of the Moon)

10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста

Во еден измислен свет, младиот фаун Мун ненадејно станува чувар на месечината. Но, за жал, тој речиси веднаш ја губи месечината. Поранешниот злобен чувар Некрос ги искористил слабостите на Мун и го украл сонцето. Сега со помош на восочното дете Глим и арогантниот воин Сохон, Мун ќе тргне на опасно патешествие. Овој необичен цртан со магична атмосфера дефинитивно вреди да се гледа.

5. „Добриот диносаурус“ (The Good Dinosaur)

10 фантастични цртани филмови кои ќе ви помогнат да избегате од реалноста

Според оваа приказна, диносаурусите никогаш не изумреле туку еволуирале во високо интелигентни суштества кои живеат на нашата планета до ден денес. Луѓето, пак, останале заглавени во многу примитивна фаза од нивниот развој. Оваа по малку сурова, но трогателна приказна за пријателството помеѓу младиот диносаурус и малото момче сигурно ќе ве инспирира и ќе ве наведе на размислување.

Продолжете на следната страница за останатите 5 цртани филмови…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар