10 докази дека култната ТВ серија Династија од 80-тите години е најдобрата досега
Култната ТВ серија „Династија“ е симбол на 1980-тите, и многумина ги следеле интригите кои се вртеле околу и внатре во ривалските семејства Керингтон и Колби. Освен своето дејство, ликови, луксуз, раскош и сјај, оваа приказна импресионира и со бројките кои ја следат. За тоа дека „Династија“ е серија над сериите докажуваат и статистиките кои оваа американска сапуница ја сместуваат во една од најскапите телевизиски приказни на сите времиња.
1. 80 земји ширум светот ја следеле ТВ серијата „Династија“ и интригите помеѓу ликовите кои станале симбол на една цела декада.
2. 60.000.000 гледачи од САД на 15 мај 1985 година ја следеле последната епизода од петата сезона во која терористите упаднале на венчавката на Аманда и принцот Мишел во Молдавија. Ниту самите актери, како што открила Џоун Колинс, во текот на снимањето на сцената не знаеле кој ќе загине во нападот, а гледачите морале да го чекаат почетокот на шестата сезона кога ќе биде откриено дека никој од главните ликови не умрел.
3. 3.000 квадратни метри изнесува површината на вилата во која живеело семејството Карингтон. Имотот се наоѓа во Сан Франциско и денес е отворен за јавноста.
4. Вилата се состоела од 43 соби, 17 бањи и 17 камини.
5. 65.000 квадратни метри изнесува површината на градината која ја опкружувала вилата.
5. 50.000 лалиња и 15.000 нарциси биле посадени во величествената градина кои го одземале здивот.
6. 35.000 долари изнесувал неделниот буџет за костимите и скоро секоја недела бил надминуван.
7. 3.000 костими биле сошиени во текот на деветте сезони на ТВ серијата. Џоун Колинс му предложила на дизајнерот на костимите, Нолан Милер, да ги копира моделите од високата мода како оние на Ив Сен Лорен што помеѓу останатото во серијата ги популаризирало и перничињата на рамената.
8. 10.000 долари чинеле рачно изработените кукли со ликот на Алексис и Кристал.
9. Првото место на листата „10-те најголеми ТВ злобници“ која ја составила германската телевизија го зазела ликот Алексис Керингтон Колби која во „Династија“ го толкувала Џоун Колинс.