Институтот Pantone ја претстави коралната „Living Coral“ боја како нијанса за 2019 година. Сепак, во приказната се „вмеша“ уште една боја која сигурно ќе ја обележи оваа година - ако не целата, тогаш барем летната сезона.
Прошетките покрај плажа на зајдисонце, прошетките по речниот брег или вечерите во рестораните покрај плажа се моменти кои ни овозможуваат да си поиграме со модните парчиња и да смислиме интересни летни комбинации.
Без разлика дали сакате маникирот да го искомбинирате со посветли бои на облека или со бои кои се моментално популарни, жолтата нијанса на лак ќе ја „зачини“ секоја модна комбинација.