Во последно време стана доста популарно да се користат различни креатори на веб-сајтови. Тие нудат готови темплејти (шаблони) од кои корисникот може да одбере еден, кој најмногу му се допаѓа за својот сајт.
Ако имате доволно слободно време за трошење на заразниот Google Earth, со него може да одлетате и во вселената, да го разгледате морското дно или да прошетате по улиците на некој град.
Укулеле е хавајски жичен инструмент, кој наликува на мала гитара. Но во овој случај станува збор за футулеле, односно инструмент создаден со спојување на два гаџета на Епл, ајпад и ајфон.
Телевизорот има неверојатни перформанси. Боите се исклучително живи, црната е зифт црна, има молскавично брзо време на реакција и неверојатна острина на движењата.
Најновата инсталација на „Lab 212“ е големо интерактивно ѕвездено небо, кое секој би посакал да го има во својот дом. Замислете како би било да патувате низ ѕвездите, без да ја напуштите вашата дневна соба.:-)
Одбравме некои технолошки откритија кои не само што се најавуваат, туку на кои веќе се работи, со цел да добиеме некаква слика за она што нè очекува до крајот на оваа декада.
„If I Die“ е апликација за Фејсбук која овозможува вашето јас од социјалната мрежа, сè уште да може да ги објави вашите последни желби и да испраќа пораки до вашите пријатели, дури и години по вашата смрт.
Bartholomäus Traubeck создал модифициран грамофон, кој произведува звуци од парчиња дрво. Прстените во пресекот на дрвените плочи, кои покажуваат колку е тоа старо, ги конвертира во звуци на пијано.