Музиката инспирира, опушта, охрабрува, расположува, но и им носи еден куп пари на тие што ја создаваат. Албуми, тури, пишување текстови, авторските права...
Џеси Џеј е 23-годишна британска R&B, поп рок и соул пејачка, која полека го освои светот со нејзиниот неверојатно моќен глас, дрска, но истовремено нежна појава, ангелско-ѓаволски глас, секси рокерска облека и самоувереност.
Дарко Кузмановски, уредник на музичкиот онлајн магазин „House Music Beat“ направи селекција од 11 траки, кои се одличен избор за забава и релаксација ова лето. Па, љубители на хаус музиката, уживајте!
Обожавате да слушате акустична поп рок музика? Ако одговорот е да, а вие сè уште не сте слушнале за бендот Бојс Авенју, тогаш дефинитивно ова е вашиот среќен ден.
Тони Мелендез можеби ја имал таа несреќа да се роди без раце, но тоа не го спречило да танцува, да излегува со девојки, да свири на гитара и да ужива максимално во животот кој му е подарен од Бога.
Еве една подолга листа на инспиративни песни, песни кои нè поттикнуваат на некаква акција, кои нè потсетуваат на убавината на животот, песни кои ни го подигнуваат расположението, кои нè потсетуваат кои сме и зошто сме...
Оваа девојка се вика Џулиет Валдурие, има 23 години и живее во Париз, а звукот кој го произведува од нејзината гитара, звучи како еден инспиративен недостижен сон.